REGIOJET НА ДЕСТИНАЦИЈАТА ПРАГА-ВИЕНА-БУДИМПЕШТА СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ

Операторот RegioJet започна да сообраќа двапати дневно на релација Прага – Брно – Виена – Будимпешта од 31 јули со понатамошно проширување на некои од постојните услуги на релација Прага -Виена.

„Имаме идеја за  друга рута со визија да ги намалиме трошоците за патување со воз и да понудиме најширок спектар на услуги “ – изјави директорот на RegioJet, Ивана Качишки.

Таа упатува дека крајната цел е да се понуди алтернатива на бесмислените цени на сегашните државни оператори, „така што секој ќе може да си дозволи да патува со воз на релација Прага – Виена – Будимпешта“.

Се нудат цени кои се ниски воедно и за деловната класа, па така најефтините би започнале од 9 евра чинење на релација Виена – Будимпешта и 16 евра на релацијата Прага -Будимпешта.

Цената ја вклучува воедно резервацијата на седиштето, бесплатен WI- FI пристап, бесплатно кафе и флаширана вода. Патниците ќе можат да купат билети за стандарната класа но и за деловна класа, ќе можат да купат ужина, која ќе можат да ја порачаат онлајн и да им биде доставена до нивните седишта.

Операциите ќе бидат водени од страна на локалните партнери на RegioJet, како фирмите Westbahn во Австрија и Continental Railway Solution во Унгарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *