MAERSK ЈА ЗГОЛЕМУВА СВОЈАТА ВОЗДУШНА ФЛОТА
Бродскиот контејнерски превозник А.П. Moller – Maersk ја купи германската шпедиција Senator International и додаде уште 5 авиони во својата воздушна флота.
„Авио карго превозот е клучен фактор во флексибилноста на глобалните синџири на снабдување, обезбедувајќи опции за превоз со висока вредност. Со цел подобро да се задоволат потребите на клиентите, Maersk има за цел да го зголеми своето присуство во глобалната воздушна карго индустрија “, изјавија претставници на данскиот превозник.
Maersk купи два нови B777F и изнајми 3 товарни авиони B767-300. За да управува со овој дополнителен капацитет, карго авиокомпанијата Star Air во сопственост на Maersk ќе стане клучна единица во логистичките услуги на Maersk.
„Ги зајакнавме нашите интегрирани логистички услуги со стекнување на единици за е-трговија, технолошки инвестиции, магацини. Како природен следен чекор, значително го зголемуваме нашиот капацитет во воздушниот карго транспорт и создаваме поширока мрежа“, изјави Винсент Клерк, извршен потпретседател и главен извршен директор на бродскиот и логистичкиот дел во АП Молер – Маерск.
Maersk ја купи шпедитерската компанија Senator за 644 милиони долари. Специјализирана е за воздушен транспорт и има сопствен контролиран капацитет, користејќи 19 неделни летови.
Германската компанија носи технолошка предност со нејзината главна оперативна платформа Cargo Wise One, единствен систем кој ќе ја забрза интеграцијата со Maersk’s Air.
Амбицијата на Maersk е приближно една третина од нејзиниот годишен воздушен превоз да биде транспортиран преку сопствената контролирана карго мрежа. Ова ќе се постигне преку комбинација на сопствени и изнајмени авиони, репродуцирајќи ја структурата што компанијата ја има во нејзината бродска флота. Преостанатиот капацитет ќе биде обезбеден од стратешки комерцијални превозници и чартер оператори.
А.П. Moller – Maersk објави рекордни резултати за третиот квартал од годината. Неговите приходи се зголемија за 68% на годишно ниво, односно на 16,6 милијарди долари, а EBITDA се зголеми за тројно, на 6,9 милијарди долари, додека EBIT се зголеми речиси петпати на 5,9 милијарди долари.