GEODIS СЕ ПОТПИРА НА АВТОНОМНИ МОБИЛНИ РОБОТИ
Логистичката компанија GEODIS ќе го опреми својот дистрибутивен центар во Хоно Конг, Кина, со автономни мобилни роботи (AMR) од кинескиот производител Geek +.
Во центарот ќе биде изграден простор за AMR оператори со QR кодирање за насочување на автоматизираните операции. Интелигентниот објект ја истакнува дигиталната перспектива на GEODIS за идните операции. Тоа е одговор на постојаниот бум во е-трговијата и побарувачката за брзо исполнување на нарачките.
Оригиналниот дизајн на GEODIS за AMR предвидува прилагодени полици и рафтови за складирање кои не бараа патеки меѓу нив. Овој бафер за складирање со висока густина му овозможува на GEODIS да го максимизира својот капацитет и да го подобри исполнувањето на нарачките. Покрај тоа, роботите Geek + ќе се користат за имплементација на решенија за пакирање од типот „стока до човекот“. Овој метод овозможува нарачките да се доставуваат директно до местата предвидени за пикирање и пакување, со што се елиминира кај операторите времето да се движат кога бараат артикли.
Покрај подобрената употреба на објектите, воведувањето на AMR ја минимизира физичката работа и го намалува ризикот од човечка грешка. Ова го подобрува пикирањето и ги намалува грешките при завршувањето на нарачките. Употребата на АМР, исто така, ќе ублажи некои од предизвиците што ги носи КОВИД-19, како што се протоколите за социјално дистанцирање во магацините.
Роботите Geek + обезбедуваат конкурентна предност на GEODIS за да ги задоволи растечките барања за флексибилност и точност во услови на зголемена побарувачка во сегментите на е-трговија, малопродажба и брзорасипливите стоки. GEODIS има околу 250 автономни мобилни роботи ширум светот.