CMA CGM ГО ПРЕЗЕМА GEFCO
Францускиот контејнерски линиски оператор CMA CGM Group стекнува речиси 100% од капиталот на еден од најважните играчи во автомобилската логистика и мултимодалните ланци на снабдување, Gefco.
Договорот чека одобрение од органите за заштита на конкуренцијата.
Од бродската компанија соопштија дека како дел од посебна процедура, Европската комисија веќе и дала дозвола на CMA CGM веднаш да го купи Gefco , а конечното завршување на купопродажбата се очекува за неколку месеци.
Ова ќе го збогати опсегот на логистички услуги што CEVA Logistics, подружница на CMA CGM, им ги обезбедува на своите клиенти, особено во Франција и остатокот од Европа.
Неопходна е брза акција за превземање на Gefco (во која Руските железници – RZD има 75% од акциите) за да се избегнат негативните последици од стапувањето во сила на новите трговски санкции против подружниците на RZD.