AMAZON ПОРАЧА НАД 1.000 КАМИОНИ IVECO
Iveco објави дека компанијата Amazon ја прифатила испораката на првата серија од 216 S-Way камиони кои работат на компримиран природен гас. Со возилата ќе управуваат партнерите на Amazon во Европа.
Нарачани се уште 848 единици од овој модел, а испораките ќе започнат кон средината на 2022 година. Севкупно, Amazon нарача 1.064 камиони, кои се придвижувани од FPT Industrial Cursor 13 мотори на природен гас и се опремени со резервоари од 1.052 литри за компримиран природен гас CNG гас.
Според Ивеко, се очекува камионите да постигнуваат 620 километри пат помеѓу две полнења со гориво. 848-те единици планирани за испорака во 2022 година, исто така, ќе го вклучат и Iveco Driver Pal, говорен борд на возачот, опремен со функциите на Amazon Alexa.
Коментирајќи го договорот, Герит Маркс, назначен за извршен директор на Групацијата Ивеко, рече:
„Ние сме пионери во технологијата за погон на гас веќе 25 години и развиваме решенија кои им овозможуваат на операторите значително да ги намалат своите емисии. Соработката со светски водечки компании како Amazon е доказ за функционалноста на нашите иновативни производи и нашата непоколеблива посветеност на целта на индустријата за декарбонизација на транспортот до 2050 година.
Групацијата Iveco ќе продолжи да биде водечки производител на мотори со внатрешно согорување кои работат на обновливи горива. Во моментов тоа е единственото остварливо достапно и големо решение за намалување на штетните емисии. Да не заборавиме дека камионот со CNG на биометан може да ги намали емисиите на CO2 до 95% при мерење на целиот циклус well-to-wheel и ефикасно придонесува за процесот на декарбонизација.