ХРВАТСКА ГРАДИ НОВА ДЕЛНИЦА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГАТА РИЕКА – БУДИМПЕШТА

Преставници на турската компанија „Cengiz Insaat Sanayi ve Ticaret A.S.“ и Хрватски железници Инфраструктура потпишаа договор кој вклучува реконструкција на постоечката железничка пруга и изградба на нова делница на железничка пруга низ Медитеранскиот коридор помеѓу Риека и државна граница со Унгарија.

Изградбата на новата делница на железничка пруга низ Медитеранскиот коридор би требало да чини околу 324 милиони евра. Целта на самиот проект е да се поврзе Риека со Будимпешта по железнички пат , а овој проект се вбројува во еден од најкрупните проекти кои треба да се изведат на територијата на Хрватска.

Овој проект вклучува реконструкција на постоечкиот колосек, но и изградба на нов колосек на делницата Крижевци – Копривница- државната граница. Самиот договор е потпишан помеѓу претседателот на Управата на ХЖ Инфраструктура д.о.о., Иван Крстиќ и преставникот на турската компанија Мухамед Ченгиз.

Поради важноста на проектот, за време на неговото потпишување присутни беа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, но и министерот за море, сообраќај и инфраструктура Олег Бутковиќ. Но позитивен момент, кој го нагласува и самиот премиер е дека целосната изградба и обнова на делницата на Медитеранскиот коридор е финансирана од страна на ЕУ фондовите и овие средства се неповратни.

Рокот за изградба на 42 километри пруга изнесува 42 месеци, односно треба да биде изграден 1 километар во време од еден месец, што е многу амбициозна претпоставка.

Почеток на проектот е предвиден за април 2020 година, со кој се предвидени покрај изградбата на 42 километри нова делница на железничката пруга на Медитеранскиот коридор, рекоструирање на седум станици и стојалишта, седум моста, два вијадукти, 21 подвозник и надвозник, ќе се изградат 25 километри заштитни ѕидови од вревата, модернизација на 6 железничко – патни премини, а ќе се направи пренивелирање на 11 веќе постоечки премини.

Ваквиот зафат на обнова и реконструкција ќе се изведува на хрватскиот дел од Медитеранскиот коридор, но воедно ќе се изведуваат зафати и во другите делови на Хрватска се со цел таа да направи квалитетна железничка конекција со европскиот континент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *