ХИНО И ТОЈОТА РАЗВИВААТ НОВ ПОГОН НА ВОДОРОД
После Хјундаи, од Азија ни пристигнува и Хино камион со погон на водород со најавен опсег од 600 км.
Toyota и Hino развиваат погон на водород за камион, односно горивни ќелии, што е дел од проектот за намалување на емисиите ЦО2 за 90% до 2050 година ( во споредба со нивото од 2010 година).
Двете компании истакнуваат дека водородот е единствената одржлива алтернатива за тешките камиони ако сакаме да постигнеме нулта емисии на штетни гасови, доволен опсег и прифатливо време на полнење со гориво. Концептниот камион е изграден врз моделот Hino Profia, при што се направени бројни измени за да се овозможи инсталација на резервоари за водород и системи на горивни ќелии.
Инсталирани се две горивни ќелии на Toyota Mirai кои со реакција на водородот и кислородот произведуваат струја. Инсталирана е и литиум-јонска батерија за да служи како меѓурезервоар на електрична енергија.
Најголема дозволена маса на возилото е 25 тони, го покренува асинхрон наизменичен електромотор, а водородот се чува на притисок од 700 бари, со најавена потрошувачка на водород од 760 g/100 км.
Меѓутоа, со истражувањата поврзани за погон на камион на водород не се ангажирани само големите компании – ова е област на истражување и на бројни стартап компании. Некои дури отидоа подалеку од развивање на камиони кои ќе ги покренуваат горивни ќелии – тие развиваат камион на горивни ќелии за влечење на ауто воз од 140 тони, на што ќе се задржиме повеќе во наредниот период.