ФУТУРИСТИЧКИ ДИЗАЈНИ КОИ ЌЕ ГО ПРОМЕНАТ ЈАВНИОТ ТРАНСПОРТOT
Начинот на кој патуваме од место до место се менува со побрзо темпо во однос на експанзијата на автомобилите, возовите и авионите во текот на минатиот век. Постојат два главни двигатели – потребата од приспособување во однесувањето на луѓето кон промените и потребата за поголема одржливост.
Овие фактори стојат зад тековните промени кон електрификацијата, автоматизацијата и паметното поврзување и кон денешните главни технолошки трендови во мобилноста и транспортот. Без разлика дали патуваме во градовите поради работа, патуваме на далечни дестинации на одмор или едноставно се среќаваме со пријателите и семејството за да се дружиме, имаме повеќе опции од кога било досега.
Сепак, одговорноста е поголема за изнаоѓање начин ова да биде направено со минимално влијание брз животната средина. Исто така, го поттикнува развојот и користењето на нови видови енергија и погон, како што се електричните возила и овозможува услуги кои го револуционизираа споделувањето на возењето односно заедничкото возење.
Хиперлуп или Hyperloop
Незадоволен со измислување онлајн плаќања, ревитализација на патувањата во вселената како и купување на целокупни социјални мрежи, најбогатиот човек на светот долго време беше поборник за реализација на хипотетичкиот метод на масовен јавен превоз кој првпат беше предложен во 18-ти век. Илон Маск го зеде концептот на Vactrain – воз кој се движи низ вакуум тунел со воздушен притисок и го разви во „хиперлуп“, а тестирањето треба да започне оваа година.
Наместо самиот да го изгради системот, Маск ја објавил својата работа за концептот, а неговата компанија SpaceX е домаќин на годишен натпревар за поединци и организации кои мислат дека се способни да му дадат живот односно да го направат реалност.
Поради патувањето низ вакуум, хиперлуп возовите се теоретски способни да патуваат со брзина до 1220 км на час, што овозможува да се патува преку копно од Сан Франциско до Лос Анџелес за нешто повеќе од половина час.
Возовите се поврзани во тунели слични на цевки преку магнети за да се елиминира триењето и потенцијално да се создадат нулта емисија на гасови. Во 2020 година, сегашниот сопственик Virgin Hyperloop, спроведе работна демонстрација од 500 метри од мал обем, а оваа година се очекува да започнат и голем број други проекти.
Glydways Автомобили
Glydways е нов, на барање, систем за јавен транспорт во секое време, со автономни, лични Glydcars кои се движат по посебни ленти.
Друг иновативен концепт што неговиот пронаоѓач го претставува како потенцијално следен менувач на играта во мобилноста и транспортот, Glydways вклучува автономни патувања во лични возила по одредено поставена мрежа на патеки. Меѓутоа, за разлика од Hyperloop, овие патеки или патишта би биле доволно достапни за да се распоредат што системот би овозможил патувања речиси од точка до точка, наместо едноставно да ги носи патниците до станиците – како со железничка или воздушна мрежа каде што тие би морале да преземат друга форма на транспорт за да стигнат до крајната точка на нивното патување.
Извршниот директор на Glydways, Марк Сигер, вели дека системот е дизајниран да ги ублажи проблемите со сообраќајните метежи што ги мачат градовите денес. Исто така, има за цел драстично да ги намали трошоците за имплементација на системите за јавен транспорт. Ова би имало секакви позитивни општествени импликации, вели Сигер, во свет каде што помалку од 200 од 4.500 најгусто населени градови имаат системи за масовен транспорт поради недостаток на економска одржливост.
Тој вели: „Во САД чини повеќе од една милијарда долари по милја железничка пруга, научниот термин за тоа е ..„неверојатно луд – едноставно не можете да си дозволите да изградите многу од тоа“.
Автомобилите на Glydways од 10 метри на три можат да превезат до четири патници и тие патуваат целосно автономно по посебни сообраќајни ленти кои можат или да седат покрај постоечките патишта (зафаќаат приближно ист простор како и велосипедската лента) или издигнати над нив или тунелизирани под нив.
Сигер вели: „Излегува дека ако го земете моделот на железнички систем имајќи свој ексклузивен пат, но наместо да имате големи, тешки возови, распоредете флота од мали возила. Каде можете да го контролирате секое возило многу внимателно на многу оркестриран начин и всушност можете да пренесете повеќе луѓе на помалку простор со помалку енергија и помалку трошоци”.
За крај, уште една алтернатива која е составен елемент на мултимодалниот синџир на јавен транспорт и во урбаните и во руралните области а тоа е Такси услугата која се очекува да има исто големи промени во иднина.
Воздушна такси услуга или така наречени Flying Taxi
Во зависност од вашата возраст, концептот на летечки такси такси може да ви донесе на ум или Џетсонови или Футурама – две цртани емисии на научна фантастика кои создадоа забава од нашите навидум чудни идеи за иднината. Денес, сепак, тоа е сериозен бизнис со компании како Uber, Boeing и Hyundai како и со мноштво стартапи кои работат на воведување на возила на пазарот.
Првите пробни летови со автономната воздушна такси услуга беа извршени во 2017 година во Нов Зеланд од Wisk, поддржани од Боинг и корпорацијата Кити Хок. Истата година, шеикот Хамдан Бун Мохамед бил автономно транспортиран 200 метри со Volocopter, прототип на автономно воздушно такси делумно финансирано од Daimler.
Оваа година, Брајан Морисон, ко-основачот на Alaka’i и пронаоѓач на Skai, првиот автономен авион во светот на водород, напоменал дека технологијата е тука, а светот само чека владите и регулаторите да го достигнат чекорот пред овој навидум футуристички начин на транспорт да стане секојдневна реалност.
Современиот транспорт во моментов доживува големи промени и тоа благодарение на трансформативните транспортни технологии. Иднината на транспортот ветува дека ќе ги промени сите навики како долгите интернационални летови, густиот јавен превоз и чеќањата по автобуските станици побрзо отколку што можеме да замислиме. Во текот на наредните 10 години јавниот транспорт го очекуваат различни футуристички дизајни кои ќе направат глобални промени.