УШТЕ ЕДЕН УДАР ВРЗ ВОЗДУШНИОТ ТОВАРЕН ПРЕВОЗ
Ковид епидемијата предизвикува нови задоцнувања и метеж на аеродромите во Кина.
Во последните неколку недели, случаите на Ковид во Кина почнаа да растат додека земјата се бори со Делта мутацијата. Воведени се построги мерки за ограничување на епидемијата, што влијаеше на товарниот превоз преку аеродромите и пристаништата. Според компанијата за анализа на ризици од ланецот на снабдување, Everstream Analytics, услугите за подигнување и испорака, како и операциите за воздушен товарен превоз претрпеле најмногу нарушувања, при што 15 аеродроми се идентификувани како погодени.
Од Everstream Analytics посочуваат дека меѓународните аеродроми Нанџинг Луку и Јангжу Таижоу беа привремено затворени претходно во август. Во меѓувреме, на почетокот од август, аеродромот во Пекинг работеше со капацитет од околу 43%, Шангај Пудонг со околу 33% и Ксјамен (XIN) со 66%. Секој аеродром откажа стотици летови.
Ситуацијата најверојатно ќе предизвика метеж и задоцнување на аеродромите и ќе предизвика дополнително зголемување на цените поради недостаток на капацитет во авионскиот транспорт, се вели во извештајот на Everstream Analytics.
Не е само воздушниот транспорт погоден од неодамнешната епидемија. Претходно овој месец, контејнерското пристаниште во Нингбо беше принудено да се затвори додека Јантијан се соочи со слична ситуација во јуни. Се известува дека пандемијата ќе влијае и на производствените операции.