ТРАНСПОРТ НА СВЕЖИ ПРОИЗВОДИ СО ЖЕЛЕЗНИЦА ВО ЕВРОПА – НОВИ ДЕСТИНАЦИИ ВО МРЕЖАТА НА COOLRAIL

Transfesa Logistics и Euro Pool System започнуваат соработка на CoolRail линиите за проширување на услугите за транспорт на свежи производи низ цела Европа. Наскоро ќе има многу нови дестинации низ цела Европа во мрежата на фриго железничките линии наменети за ладниот ланец.

Според двете компании, сојузот помеѓу Euro Pool System и Transfesa Logistics ја прави пошироката мрежа достапна за поширокиот пазар.

Покрај главната рута од Валенсија до Ротердам, новите дестинации ги вклучуваат Велика Британија, нордиските земји, Германија, Полска и други.

Новата рута од Валенсија до Лондон ќе им помогне на британските клиенти на CoolRail да имаат брзо, одржливо и економски привлечно решение за транспорт. Со слични линии, со директен воз до Келн, на CoolRail ќе му биде овозможено да стигне до Скандинавија, Полска и Чешка преку Германија. Услугата CoolRail ќе ја користи инфраструктурата на DB Cargo, главниот акционер на Transfesа Logistics.

Извршниот директор на Transfes Logistics, Бернд Хулерум е многу задоволен од оваа нова соработка.

Поврзувањето со Euro Pool System е одлична можност за нас да му покажеме на пазарот на свежи производи дека железницата може да биде исто толку брза и сигурна како и патниот сообраќај. Покрај тоа, овој вид на транспорт придонесува за постигнување на еколошки синџири на снабдување, бидејќи возот емитува девет пати помалку СО2 отколку камионите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *