ТОП 25 СВЕТСКИ АВИОКАРГО ПРЕВОЗНИЦИ

Најновите годишни податоци од консултантската компанија „Армстронг и Асошиејтс“ (А&А) ги потенцираат постојаните промени на пазарот на товарни превози во текот на минатата година. Целокупниот пад на количините е одраз на пандемијата Ковид-19, што предизвика многу светски авиокомпании да ги приземјат своите флоти.

За DHL Global Forwarding, како и за многу нејзини партнери, 2020 година беше предизвикувачка година во однос на обемот на авио каргото. Сепак, компанијата ја задржува челната позиција во рангирањето. Следат Kuehne + Nagel, DSV Panalpina, DB Schenker и UPS Supply Chain Solutions.

Генерално, според анализата на А&А, 2020 година беше нестабилна година за пазарот на авиопревозите. Само една од осум компании со седиште во Европа успеа да пријави зголемување на побарувачката заради блокирањата и побавното економско закрепнување.

Во Азија, јапонските компании исто така забележаа пад на обемот, иако не толку силен како европските, додека кинеските компании објавија подобри резултати.

Американските компании поминаа нешто подобро од европските и јапонските во однос на обемот на воздушен товар, благодарение на економското закрепнување во втората половина на годината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *