СЛОВЕНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ НАЈАВУВААТ ПРОШИРУВАЊЕ НА КОРИДОРОТ 10

Преговорите за влез на чешката енергетска и индустриска компанија-ЕП Холдинг во сопственоста на Словенски железници – Товарен превоз, една од ќерките фирми на Словенски железници, се уште се во тек, изјави првиот човек на СЖ холдингот, Душан Мес, за „Дневник“.

„Засега го споивме договорот за докапитализација и деловниот план до 2030 година со анексите, но сè уште не сме се усогласиле за постојните договори што ќерката фирма ги склучила со останатите ќерки фирми во групата“, вели Мес, кој не открива за висината на докапитализацијата. Тој додава дека СЖ – Товарен превоз во Италија, Австрија и Унгарија веќе има развиено свое работење преку придружниците на компанијата.

„Со свеж капитал, СЖ – Товарен превоз би презел одредени компании во регионот, како во Хрватска и Србија“, вели Мес, кој не ги открива компаниите кои би сакале да се купат.

Се очекува чешкиот холдинг да презеде околу 49 проценти од сопственоста на СЖ – Товарен превоз, а се проценува дека ќе чини околу 80 милиони евра иако износот на докапитализацијата сеуште не е објавен. Словенски железници – Товарен превоз, една од фирмите во холдингот, вработува 1.200 работници, а 2018 година ја заврши со 8 милиони евра профит.

Словенски железници ја објавија потребата од стратешки инвеститор во товарниот превоз во 2016 година. Покрај со ЕПХ, тие преговараа и со уште шест инвеститори, меѓу кои беа државните железнички компании од Австрија – ОеББ, Франција – СНЦФ, Полска – ПКК Карго и Русија – РЖД.

И покрај тоа што е примарен енергетскиот бизнис на  ЕП Холдинг, една од најголемите чешки компании во сопственост на Даниел Кретински, во последниве години станува се повеќе претприемнички инвеститор во транспортот и логистиката. Холдингот опфаќа околу 70 компании во Чешка, Словачка, Германија, Италија, Велика Британија, Ирска, Полска, Унгарија и Франција.

Со оглед на распространетоста на бизнисот на ЕПХ во Европа, словенечките медиуми проценуваат дека бројни можности за зголемени приходи и инвестиции може да се отворат за Словенски железници, но и за словенечката економија како целина. Од договорот меѓу државните железници и ЕПХ би можел да има корист, меѓу другото, и пристаништето Копер, според медиумите во земјата.

Најголемиот производител на електрична енергија во Чешка, ЕП Ходинг, во 2018 година оствари приход од 7 милијарди евра. Има околу 25.000 вработени и  ги поседува најголемите рудници за лигнит во Германија и воедно е еден од најважните трговци со рускиот гас во Европа.

Даниел Кретински, чие списание „Форбс“ го проценува неговото богатство на 3 милијарди американски долари, рангирајќи го меѓу 1.000 најбогати луѓе во светот во 2019 година, го основаше ЕП Холдинг во 2009 година. Во ЕП Холдинг има инвестирано и фондот ПФФ на Питер Келер, најбогатиот Чех, чии средства се проценуваат на 15 милијарди американски долари.

Секако е значајна оваа докапитализација на СЖ – Товарен превоз кој повеќе не може да ги користи државните финасиски ресурси за обновување на возните средства, а воедно ќе го добие потребниот капитал за развој на компанијата надвор од границите на Словенија.

Да потсетиме, Словенски железници во 2010 година ја отворија својата Подружница во РС Македонија која во 2012 година после укинување на либерализацијата во товарниот железнички превоз згасна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *