РС МАКЕДОНИЈА/КИНА: ПРВИОТ КОНТЕЈНЕРСКИ ИЗВОЗ СО ВОЗ ОД НАШАТА ЗЕМЈА ЗАМИНА ЗА КИНА
Железничкиот транспорт станува се поважен и конкурентен начин на транспорт помеѓу Европа и Далечниот исток.
Се предвидува дека новите железнички линии меѓу Кина и Европа и обратно ќе ги променат моделите на трговија, предизвикувајќи ги авиокомпаниите и бродските компании.
Сепак, копнениот пат низ Централна Азија е релативно пократок. Еден контејнерски брод треба да помине 24.000 километри за да стигне до Европа, додека возовите патуваат приближно 11.000 километри за да стигнат до истата дестинација.
Овој тренд започнаа и македонските фирми да го следат при увоз, но во петокот беше организиран првиот извоз со воз на македонски производи, природните сокови на Апелини, за кинескиот пазар.
Превозот беше организиран од страна на домашната компанија Каргобокс логистикс која врши комбинираниот превоз во соработка со државните австриски и кинески железнички оператори.
Производите ќе патуваат околу 22 дена до својата дестинација.
Каргобокс логистикс во комбинираниот железнички превоз кон и од Кина и останатите земји од Далечниот исток, поред во извоз, организира комбиниран превоз и при увоз.