ПРИСТАНИШТЕТО ВО ПИРЕЈА СЕ ДОГОВАРА СО INFORM ЗА ДИГИТАЛИЗИРАЊЕ НА АВТОМОБИЛСКИОТ ТЕРМИНАЛ

Капетанијата на пристаништето во Пиреја ќе имплементира интелегентен IT систем на INFORM Vehicle Logistics се со цел да се овозможи транспарентност на синџирот за снабдување од почеток до крај.

Во соопштението,  Морската капетанија во Пиреја укажува дека е одлучено да се инвестира во дигитализација за да се подобрат операциите во рамки на автомобислкиот терминал и неговиот статус како центар на меѓународната трговија на автомобили.

Клиентите, добавувачите и давателите на логистика на трети лица (3PL) и царинските власти ќе можат да следат преку веб – портал каде и кога е испорачан автомобилот.

Дополнително, алгоритмите на овој систем се способни да ги оптимизираат оперативните процеси, да носат одлуки во реално време и воедно имаат напредно планирање.

Следствено овој систем на пирејското пристаниште (ППА) му дава предност во подобрувањето на понудените услуги и флексибилност при планирање на нови деловни процеси. Системот ќе им овозможи пристаништето поефикасно да ги користи достапните ресурси и континуирано да ги пдобрува нивните процеси.

Понатаму ќе им се овозможи на ППА да ги зголемат своите капацитети за управување со нивниот автомобилски терминал. Покривајќи над 145 000 квадратни метри, терминалот за автомобили обезбедува капацитет од над 600 000 движења месечно.

Сместен близу до центарот на Атина, пристаништето во Пиреја зазема геостратешка положба за регионот в оисточиот дел на Медитеранот. Исто така се смета за важен транзитен ценатр за трговија помеѓу Европа и Азија.

„Донесување на дигитални одлуки за нас значи и носење на автоматски оптимизирани одлуки, како и помагање на управата на нашите клиенти полесно да носат оперативни и тактички одлуки преку обезбедување на сигурни податоци во реално време.“ – рече Хартмут Хаубрих, директор на логистички системи за возилата во INFORM.

„Кај пирејското пристаниште, на пример, ние ќе генерираме работни налози и ќе ги оптимизираме работните налози во реално време за да се осигураме дека работењето е без застој и крајните рокови ќе бидат испочитувани во целост и ефикасно. На овој начин ќе го зголеми капацитетот на услугите кои ги нуди терминалот , но исто така и достапноста  и интелегентната распределба на просториите за складирање.“ – додава во својата изјава Хаубрих.

Претседателот на ППА, Yu Zenggang изјави: „ Во согласност со оваа нова соработка, ППА има за цел да ја зголеми ефикасноста и конкуретностана својот автомобилски терминал  и воедно да го направи попривлечен за своите клиенти.“

„Ние веруваме дека системот на логистика на возилото на  INFORM може да гарантира успешна дигитална трансформација на терминалот за автомобили на пристаништето во Пиреја.“ – додава тој во својата изјава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *