ПРЕПОРАКИ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО СРЕДНО И ВИСОКО РИЗИЧНИТЕ ЗЕМЈИ

На последната седница на Владата,одржана на ден 16.3.2020 г., беа прифатени Препораките на Министерството за здравство за превозниците кои патуваат во средно и високо ризичните земји.

На лицата кои патуваат низ земјите со среден и висок ризик на КОВИД – 19, а кои управуваат тешки товарни моторни возила за превоз на прехранбени производи и друга стока, за време на нивниот транзитен превоз и престој, товар или растовар на стока во овие земји, им се препорачува да ги почитуваат следните мерки за лична и колективна заштита:

– Им се ограничуваат контактите и движењата на патните правци од точка А до точка Б, освен заради потреба од обезбедување на храна и тоалет.

– Се забранува контакт со други лица

Доколку излезат да купат храна или за тоалет, задолжително да користат лични заштитни средства и тоа:

– ракавици за еднократна употреба,

– заштитни маски N 95 или FFР 3 со единечен филтер

– нема потреба од носење на заштитни мантили како и заштитни наочари и каљачи

Заради можноста од остварување на директен респираторен контакт со заболени лица на КОВИД– 19, во мотелите, хотелите и рестораните се препорачува:

– Да спијат во кабините на своите моторни возила.

При враќање во РСМ да стапат во контакт со надлежна епидемиолошка служба Центар за јавно здравје заради добивање на натамошни инструкции за мерки и постапки доколку пројават симптоматологија.

За време на патувањето

– После секој контакт во маркет, продавница, тоалет задолжителна е дезинфекција на рацете

– Максимално избегнување на контакт со други лица повеќе од 10-15 секунди (особено со лица со симптоми)

– Почесто проветрување на кабината за време на возењето

– При престојот во кабина нема потреба од носење на лична заштитна опрема

– Забрането е примање на слепи патници

– Задолжително обезбедено средства за дезинфекција на раце на база на алкохол за време на патувањето

Се задолжува Здружението на лиценцирани авто превозници да изготви свој оперативен план за да се спроведе ротирање на возачите, односно нивна последователна промена при патувањата во средно и високо ризични земји.

Се задолжува Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат, за професионалните возачи на товарните возила кои влегуваат во Република Северна Македонија да издадат посебна дозвола или посебен здравствен протокол со кој ќе се обезбеди посебен здравствен и протоколарен режим на влез во државата на овие лица. Претходно дадената лична изјава се смета за неважечка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *