Со овој напис ќе ги сумираме аеродромите кои претовариле најголема количина на пратки по метрички тон.
Следниот список се заснова на бројки од Airlines Council International (ACI) и ги прикажува најдобрите 10 аеродроми по редослед на тони претоварен товар во 2018 година.
-
Меѓународен аеродром во Хонг Конг (HKIA)
Девет години по ред најпрометен аеродром во светот, меѓународниот аеродром во Хонг Конг е главниот аеродром за регионот и во 2018 година преку него се превезени скоро еден милион тони повеќе од неговиот најблизок конкурентен аеродром.
Обработени тони товар: 5.049.898 т.
Споредено со 2017 година: 9,4% пораст.
-
Меѓународниот аеродром Мемфис (МЕМ)
Цивилно-воениот аеродром, Мемфис меѓународен аеродром е дом на глобалниот центар Федекс Експрес, кој ги обработува поголем дел од пакетите на компанијата, што резултира со толку висока позиција на списокот за аеродроми.
Обработени тони товар: 4.336.752 т.
Споредено со 2017 година: пораст од 0,3 проценти.
-
Меѓународниот аеродром Шангај Пудонг (PVG)
Еден од двата меѓународни аеродроми во регионот, Меѓународниот аеродром Шангај Пудонг е воглавно центар на кинеската авијациска индустрија, кој опслужува претежно меѓународни летови.
Обработени тони товар: 3.824.280 т.
Споредено со 2017 година: раст од 11,2 %.
-
Меѓународниот аеродром Инчеон (ICN)
Најголемиот аеродром во Јужна Кореја, Меѓународниот аеродром Инчеон е еден од главните транспортни центри во Северо-источна Азија и е национална порта на Република Јужна Кореја.
Обработени тони товар: 2.921.691 т.
Споредено со 2017 година: раст од 7,6 %
-
Меѓународен аеродром Тед Стивенс Анхориџ (ANC)
Именуван по сенатор на САД од Алјаска, Меѓународниот аеродром Тед Стивенс Анхориџ е еднакво оддалечен од Токио и Њујорк, што значи дека се наоѓа на помалку од 9,5 часа одалеченост од 90 проценти од индустрискиот свет.
Обработени тони товар: 2.713.230 т.
Споредено со 2017 година: раст од 6,7 %
-
Меѓународен аеродром Дубаи (DXB)
Меѓународниот аеродром во Дубаи е примарен меѓународен аеродром што служи во Дубаи и се користи како сервисен центар за поголемиот дел од локалните авиокомпании.
Обработени тони товар: 2.654.494 т.
Споредено со 2017 година: раст од 2,4 %
-
Меѓународниот аеродром Луисвил Мухамед Али (SDF)
Цивилно-воениот аеродром лоциран во Кентаки, меѓународниот аеродром Луисвил Мухамед Али, е дом на главниот центар на компанијата UPS и е еден од најзначајните карго-објекти во САД.
Обработени тони товар: 2.602.695 т.
Споредено со 2017 година: раст од 6,8 %
-
Меѓународниот аеродром во Токио Нарита (NRT)
Порано познат како Меѓународен аеродром Ново Токио, Меѓународниот аеродром Нарита ја опслужува големата област на Токио во Јапонија.
Обработени тони товар: 2.336.427 т.
Споредено со 2017 година: раст од 7,9 %
-
Меѓународниот аеродром Тајван Тајоан (TPE)
Еден од четирите меѓународни аеродроми во регионот, Меѓународниот аеродром Тајван Таојуан е најголем и најпрометен, кој служи на Тајпеј и северен Тајван.
Обработени тони товар: 2,269,585 т.
Споредено со 2017 година: раст од 8,2 %
-
Аеродромот Шарл де Гол во Париз (ЦДГ)
Именуван по поранешен француски претседател, аеродромот во Париз Шарл де Гол е најголемиот меѓународен аеродром во Франција и исто така се нарекува аеродром Роси.
Обработени тони товар: 2.195.229 т.
Споредено со 2017 година: раст од 2,8 %
Споредбено, преку македонските аеродроми во 2018 година преработени се вкупно 2982 тони стока.