ПОГОЛЕМ ФОКУС КОН ЖЕЛЕЗНИЦАТА ВО ДЕЛОТ НА ЗЕЛЕНАТА МОБИЛНОСТ

Европскиот транспорт треба да биде еколошки неутрален во испуштањето на јаглерод, најдоцна до 2050 година, со јасно поставени среднорочни пресвртници поставени до 2030 и 2040 година.

Ова е целта која е предложена од страна на Заедницата на железнички  и инфраструктурни компании (ЦЕР) за влез во престојната стратегија на ЕУ за одржлива и паметна мобилност.  Книгата за насоки беше официјално одобрена на 10 јули од страна на водечките извршни директори на железниците низ Европа, кои членуваат во Управниот одбор на ЦЕР.

Во водочот за насоки се идентификуваат четири генерални можности за транспортниот систем да стане неутрален при емисии на јаглерод, а употребата на железницата е во самиот епицентар:

  1. Договор за пресвртници за намалување на емисиите на стакленички гасови за транспорт: 25% до 2030 година, 65% до 2040 година и 100% до 2050 година (за нивоата од 1990 година);
  2. Примена на маргинално – социјални цени за чинењето на транспортот, спроведување на принципот во кои случаеви корисникот и загадувачот плаќаат;
  3. Создавање на пан-европски план за распоредување и дигитализација на железничкиот товарен транспорт, за да се постигне умерен удел на железничкиот товарен транспорт во севкупниот превоз од 30% до 2030 година;
  4. Политики на засилено дигитализирано купување и патничко искуство достапно за сите патници во рамки на националните и меѓународните желенички услуги, се со цел да се постигне умерен дел на патници од 15% до 2030 година и 20% до 2050 година.

Како дополнување на претходново, европскиот железнички товарен транспорт се обврза да ја постигне целта од 30% од железнички товар до 2030 година со цел да го неутрализира негативното влијание на очекуваниот раст на на пазарот на копнениот транспорт врз животната средина и општеството.

„Европскиот Зелен Договор е важна за сите нас, а железничкиот сектор е посветен на климатската заштита. Индивидуалниот транспорт мора да се префрли во железничкиот сообраќај. Сепак, клучот за заштита на климата лежи пред се во товарниот транспорт. Во иднина, превозот на стоки треба значително да се префрли на железничките пруги – за ова ни треба повеќе од Европа“ – изјави Andreas Matthä, претседател на ЦЕР и директор на ÖBB.

„Задоволен сум што успеавме да се договориме за сеопфатен придонес кон престојната стратегија на ЕУ кон одржлива и паметна мобилност. Овој документ ќе биде од клучно значење како водич за оддржлива мобилност во Европа. Шефовите на државите на ЕУ исто така треба да го зајакнат своето дејствување и да покажат слична амбиција во врска со повеќегодишната финансиска рамка – инвестициите мора да бидат ориентирани кон одржливите сектори и проекти за зелено закрепнување“ – изјави Libor Lochman, извршен директор на ЦЕР.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *