ПАТНИЦИТЕ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА САКААТ СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Независниот весник „Transport Focus“ укажува дека 62% од патниците нема да се чувствуваат пријатно во  јавниот превоз ако не биде спроведено социјално дистанцирање меѓу нив.

Transport Focus и London Travel Watch ги повикаа владата и транспортната индустрија да презентираат начин на патување кој ќе ги увери патниците дека ќе биде безбедно да го користат јавниот транспорт.

Ентони Смит, одговорен за независното мониторирање на дадената ситуација, за „Transport Focus“ изјави: „После неколку месеци како што им е кажано на луѓето да не патуваат, нормална реакција е тие да се плашат да излезат надвор. Владата мора да даде соодветен патоказ како да се олесни начинот за намалување на мерките поради борбата против ширењето на КОВИД 19 и воедно да се уверат луѓето дека ќе можат безбедно да патуваат“.

Постои голема веројатност дека жителите на Лондон ќе речат дека подобро би било да пешачат или да патуваат со велосипед отколку да го користат јавниот превоз. Додека оние кои живеат надвор од Лондон ќе кажат дека подобро би им било да користат сопствени автомобили.

Transport Focus и London TravelWatch ја повикуваат владата да ги охрабри луѓето „активно да патуваат“ се со цел да не настане гужва на патиштата поради енормното користење на автомобилите за превоз.

Ема Гибсон, директорка на London Travel Watch изјави дека:„ Интересно е да се забележи дека жителите на Лондон повеќе обрнуваат внимание врз носењето на маски на лице, за разлика од останатите делови на земјата, истотака тие би патувале без социјално дистанцирање и користење на дезинфекционо средство кое што е поставено на станиците, многу повеќе отколку жителите на останатиот дел на земјата, најверојатно затоа што лондончаните највеќе се потпираат врз јавниот превоз како начин на патување.“

Како и останатите луѓе во Велика Британија и лондончаните се плашат од периодот во кој би се намалиле рестрикциите поради КОВИД 19, па така поголем број на патници кои живееат во Лондон би се одлучиле да користат велосипед повеќе отколку да го користат јавниот превоз, во споредба со останатите делови во Британија.

Во прилог на претходното тврдење, лондончаните помалку би користеле автомобил при начин на превоз, кога би се олесниле мерките од КОВИД 19.

Клучните наоди на истражувањето откриваат дека:

  • 83 % од патниците мислат дека средство за дезинфекција треба да биде достапно во рамки на возилата за транспорт, воедно и на самите станици и постројки
  • 62 % од патниците нема да користат јавен превоз ако не се воспостави задолжително социјално дистанцирање
  • 51 % од патниците не би биле задоволни со јавниот превоз ако патниците не треба задолжително да носат маска на лице

Луѓето на возраст од 18 – 24 години се чувствуваат најбезбедно кога би го користеле јавниот превоз (40%). Луѓето во Шкотска  (32%) и Западен Мидлендс (29%) заедно со оние од Северозападот (19%) најмалку се чувствуваат безбедно при користење на јавниот превоз.

Што велат корисниците на јавниот транспорт:

  • „Мислам дека нема да сакам да го користам јавниот превоз откако ќе се намалат ограничувањата поради близината на другите луѓе во рамки на автобусите и возовите. Не може да се загарантира дека растојанието меѓу вас и останатите патници ќе биде одржано.“
  • „Мислам дека ќе треба да го ограничат бројот на патници кои ќе можат да користат еден автобус, воз и некој друг превоз. Луѓето ќе треба да носат маски за лице, а транспортите компании ќе треба да дезинфицираат секој ден. Истотака, мислам дека луѓето ќе бидат премногу нервозни за користење на јавниот превоз некое време.“
  • „Луѓето ќе го почитуваат социјалното растојание и ќе се плашат да седнат еден до друг во воз или автобус. Луѓето ќе сакаат да носат маски и ракавици. Сепак ќе претпочитаат да патуваат со сопствен автомобил. “
  • „Ќе се врати времето на пребукирани патишта затоа што луѓето ќе сакаат самостојно да патуваат. Поради брзањето ќе постојат многу сообраќајни несреќи. “
  • „Се надевам дека повеќе луѓе ќе пешачат отколку да користат автомобил за кратки релации. Исто така се надевам дека многу луѓе кои моментално работат од дома и натаму ќе го прават тоа, бидејќи тоа значи дека ќе има помалку сообраќај и загадување.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *