Од денес, четврток, 9.04.2020 год, па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира двократно и тоа од 05.00 до 09.00 часот, а втората смена ќе започнува од 13.00 до 16.00 часот, односно од 09.00 до 13.00 часот автобуси нема да сообраќаат.
Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.
Во прилог (фото) се термините на поаѓање (првите и последните, согласно рестрикциите).
Останатиот распоред, помеѓу првите и последните термини, може да се види на веб страницата на ЈСП, со избор на посакуваниот ден/датум.
РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИ И ЦЕНТРИ ЗА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА во РАБОТНИ ДЕНОВИ
Од понеделник до петок, дел од билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а дел ќе бидат затворени.
Билетарници
Од 7.30 до 14 часот ќе работат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.
Центри за персонализација
Отворени од 7.30 до 14 часот ќе бидат центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.
Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.
View Comments (0)