ОВАА ФОТОГРАФИЈА НА КОНКОРД ПРИ ЛЕТ НА MAХ 2 Е ЕДИНСТВЕНА ОД ВАКОВ ВИД
Фотографирањето на авион што достигнува два Маха (1.350mph) не е лесен подвиг, од многу причини.
Значи, неверојатно е да се мисли дека некој успеал да организира фотографирање на Конкорд што лета на Мах 2. Уште поинтересно е, што ова е единствената снимена фотографија од ваков вид.
Фотографијата за која станува збор е направена од Адријан Мередит, кој ја снимил фотографијата од авион на РАФ Торнадо на Кралско воено воздухопловство. Воениот суперсоничен авион со Конкордот имал 4-минутен контакт, односно паралелно летале над Ирското море, при што треба да се нагласи дека англиско-францускиот суперсоничен авион во тоа време бил најбрз од ваков вид.
Откако Конкорд престана со работа во 2003 година, ова може да биде прва и единствена слика на комерцијален авион во лет побрз од брзината на звукот.