НОВ ПРЕДИЗВИК ЗА ПРЕКУГРАНИЧНАTA Е-ТРГОВИЈА

Испораките ќе забавуваат на царините доколку трговците и нивните логистички партнери не се подготвени за стапување во сила на новиот царински Harmonised System 2022 (HS2022).

За помалку од еден месец, на 1 јануари 2022 година, Светската царинска организација (СЦО) ќе го имплементира седмото издание на својот Harmonised System, правејќи големи промени во начинот на кој увозниците и извозниците ги дефинираат и доделуваат HS кодовите на многу од своите производи.

Усогласениот систем служи како меѓународна основа за царинските тарифи и за составување на статистиката за меѓународната трговија во повеќе од 200 земји во светот.

Новото издание на HS 2022 воведува над 370 нови HS кодови, а повеќе од сто кодови се отстранети.

„Ова е прво ажурирање на HS од 2017 година и е важен момент за секој кој е вклучен во прекуграничната е-трговија“, изјави Мартин Палмер, извршен директор за пакување и усогласеност во Hurricane Commerce. – За многу трговци на мало и испраќачи, барањата за податоци ќе се променат, вклучително HS кодовите, царинските стапки, како и ДДВ-то. Ќе има последици за проверка на забранети и ограничени стоки“.

„Едно од најголемите влијанија ќе биде околу точноста на цената за испорака на овој производ – вкупниот продажен износ, транспортот и доставата до крајниот купувач.

HS2022 следи година на значајни регулаторни промени кои влијаат на прекуграничната е-трговија. Во 2021 година имаше Брегзит, американскиот STOP Act, укинувањето на ослободувањето од ДДВ на Европската унија за стоките со ниска вредност и воведувањето на едношалтерскиот систем (IOSS).

„Царинските власти во ЕУ и на други места во светот сега целосно ги спроведуваат овие одредби, со запленети десетици илјади пратки“, додаде г-дин Палмер. „Промените на HS2022 ќе имаат импликации за царинењето, освен ако трговците на мало, пазарите и нивните логистички партнери не гарантираат дека податоците за нивната стока се целосни и точни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *