НОВИ МЕРКИ ЗА ВЛЕЗ НА ВОЗАЧИ ВО РОМАНИЈА

Врз основа на измените на мерките за влез во Романија за време на пандемијата од КОВИД-19, од 10 декември 2021 година важат нови правила за влез во таа земја. Според романските медиуми, се очекува мерките да важат до 8 јануари 2022 година.

Воведувањето нови прописи за возачите го потврдуваат и останатите здруженија на превозници, кои се повикуваат на информации добиени од романските колеги. Според Националниот сојуз на патни превозници на Романија (Uniunea Națională a Transportatorilor Rutieri din România), новововедените мерки се како што следува:

Следниве мерки се однесуваат на возачите кои превезуваат стоки или патници кои не биле вакцинирани или не биле заразени со коронавирус и доаѓаат од земјите-членки на ЕУ, Европската економска област или Швајцарската Конфедерација:

Доколку патуваат за професионални цели, а доаѓаат од земјите од жолто-зелената зона, не се обврзани да одат во карантин или да имаат негативен ПЦР тест.
Доколку патуваат за професионални цели, а доаѓаат од земјите од црвената зона, не се обврзани да одат во карантин доколку покажат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.
Следниве мерки се однесуваат на возачи кои превезуваат стока или патници кои не биле вакцинирани или не се заразиле со коронавирус и доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ:

Доколку патуваат за професионални цели, не се обврзани да одат во карантин доколку покажат негативен PCR тест, не постар од 48 часа (без разлика од која зона доаѓаат).
Детали за транзитот нема во известувањето на романската асоцијација на превозници. Бугарскиот сојуз на меѓународни транспортери известува дека новите мерки не се однесуваат на возачите на камиони кои транзитираат низ Романија и дека не им треба никаква документација доколку ја напуштат земјата во рок од 24 часа.

Оригиналната регулатива за воведување нови мерки можете да ја погледнете ТУКА.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *