НА ПАТИШТАТА ВО УНГАРИЈА СТАПУВААТ НОВИ МЕРКИ ЗА ЛЕСНИТЕ КОМЕРЦИЈАЛНИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА
Почнувајки од 12 мај, според европското законодавство, превозниците што поседуваат лесни комерцијални товарни возила можат да превезуваат во Унгарија само со дозвола од посебен орган, согласно известувањето од Здружението на унгарските патни превозници (MKFE).
Потребно е гарантно осигурување како финансиска сигурност за активирање на лиценцата. Новата обврска не се однесува на компаниите што превезуваат стока за сопствени потреби.
Дозволата не е еден од личните документи потребни за возење, туку индустриска дозвола, односно дозвола издадена од надлежен орган. Дозволата мора да се чува во седиштето на претпријатието, а нејзините анекси и извадоци од лиценца мора секогаш да се чуваат во превозното средство за таа лиценца.
Постоењето и валидноста на нив може да се проверат или од транспортниот орган или од полицијата или нивните властени лица. Превозниците кои вршат транспортни задачи без лиценца за активност, може да очекуваат многу високи казни, дури о до 800.000 HUF, односно 2000 евра.
Извор: www.napi.hu