ИНТЕРАКТИВНА МАПА НА ОГРАНИЧУВАЊА ВО СВЕТСКИТЕ ПРИСТАНИШТА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

Компанијата Вилхелмсен – Wilhelmsen создаде интерактивна мапа каде можете да ги пратите ограничувањата издадени од одделни држави или пристанишни власти во врска со коронавирусот, односно впловувањето и движењето на бродовите од кои патниците или екипажите неодамна посетиле области погодени со епидемијата, пред се во Кина.

Секоја од државите воглавно има поставено слични услови за впловување на бродовите, излегување на екипажот на брегот, како и напуштање на бродот по завршувањето на договорот.

За повеќе информации за ограничувањата, само кликнете на името на пристаништето.

Компанијата Вилхелмсен ја ажурира мапата со нови информации двапати на ден, а можете да ја пратите тука .

Извор: safety4sea.com

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *