МАЕРСК ЈА ЗАПОЧНУВА СВОЈАТА ПРВА ЖЕЛЕЗНИЧКА УСЛУГА ОД КИНА ДО ТУРЦИЈА

Новата железничка услуга на Маерск од Кина до Турција ќе им обезбеди на клиентите намалено време на транзит до 16 дена со достава на повеќе локации.

А.П. Молер – Маерск – интегрирана компанија за контејнерски превоз – ја започна својата прва неделна железничка услуга од Сијан, Кина до Измит, Турција. Оваа нова рута, дел од услужната мрежа на Maersk Intercontinental Rail – ИЦР, покрај пократкото време за транзит, ќе им обезбеди на клиентите широки мрежни опции кои ги поврзуваат главните локации во Кина и Турција со разновиден спектар на услуги пред и по извршениот превоз.

Каспер Крог, раководител на секторот за интерконтинентална железница во АП Молер – Маерск, изјави: „Откако успешно ја започнавме нашата интерконтинентална железничка услуга од Кина во Европа пред три години, видовме зголемување на побарувачката од страна на нашите клиенти за оваа услуга од различни локации низ Азија и Европа. Поради својата стратешка географска локација, широкиот сектор во индустријата, како и сите амбициозни иницијативи преземени од страна на владата за подобрување на железничката инфраструктура низ целата земја, решивме да започнеме ИЦР во Турција не само за оние компании што се наоѓаат во земјата, туку и како врска меѓу Азија и Европа.“

Оваа единствена железничка услуга е идеална за клиенти во автомобилската и технолошката индустриска вертикала во Турција и другите сегменти на кои им е потребна брза испорака на пазарот.

Поради добро поврзаниот железнички систем низ целата земја, ИЦР им обезбедува на своите клиенти врски со Црното Море, Источна Европа и земјите од Јужна Европа преку пристаништето Корфес во Измит, со користење на бродската фидер-мрежа на Силенд и Маерск.

Во зависност од потребите на нивниот синџирот на снабдување, на клиентите им е дадена понатамошна флексибилност избирајќи различни решенија за транспорт од Maersk преку железница и океан, како дел од интегрираните понуди преку океанот, логистика и услуги што им овозможуваат брзо да реагираат на променливите потреби на пазарот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *