ЛАМБОРЏИНИ НА ШИНИ – RAIL CARGO GROUP ПРЕВЕЗУВА КАРОСЕРИИ ОД ГЕРМАНИЈА ДО ИТАЛИЈА

Производителот на луксузни спортски автомобили Lamborghini направи уште еден чекор кон одржливоста, насочувајќи ги своите логистички операции кон зелени  транспортни решенија.

Благодарение на договорот потпишан со австрискиот Rail Cargo Group (РЦГ), транспортот на каросериите на URUS од Германија до Италија во иднина ќе се реализира скоро целосно преку железница, што ќе овозможи намалување на емисиите на СО2 за 85%.

РЦГ е задолжен за транспорт на каросериите на автомобилите Ламборџини УРУС од фабриката Фолксваген во Цвикау, Германија до седиштето на Ламборџини во Сант’Агата Болоњезе, Модена -Италија.

Замената на патниот транспорт со железница ќе ги намали емисиите на СО2 за 85%, од 2.234 тони на 331 (т.е. со заштеда од околу 1.903 тони јаглерод диоксид годишно). Во исто време, гарантирано е вкупно време на транзит од 48 часа – рекорд за ваков вид транспорт – од локацијата во Цвикау до Модена, според РЦГ. На кратката делница од Модена до локацијата Сант’Агата Болоњезе (околу 21 километар, на вкупната релација од 1.000 км), ќе се користи патен транспорт, но со камиони на гас, со цел да се гарантира намалување на гасовите.

Иницијативата го отвора патот  објавен од глобалната програма Direzione Cor Tauri, која планира целосна транзиција кон хибрид до 2024 година и нов целосно електричен модел на Lamborghini во текот на втората половина на деценијата.

blob:https://www.lamborghini.com/e7291aec-765d-4454-9e47-3eb5edf02213

Со историска инвестиција од над 1,5 милијарди евра во следните 4 години, програмата ќе доведе до декарбонизација на идните модели на Lamborghini, како и локацијата во Сант’Агата Болоњезе, објави производителот на автомобили.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *