КОЈА Е ИДНИНАТА СО РАКУВАЊЕ НА БАГАЖОТ НА АЕРОДРОМИТЕ?
Пред да започне светската пандемија со КОВИД 19 се водеше дебата околу наплатата на домашниот багаж. Од оваа гледна точка, ракувањето на багажот треба да се ревидира и концептуално да се обмисли, бидејќи многу работи се сменија од почетокот на март годинава.
Во овој момент торбите на патниците се дезинфицираат поради тоа што во процесот на ракување со багажот се вклучени многу лица од пред – тргнувањето на патникот се до неговото пост – пристигнување.
Треба да се размисли и како бизнис идеја – ракувањето со багажот, односно компанија која би обезбедила пренос на торбата на патникот од неговиот дом, истата да биде херметички затворена и да не доаѓа во контакт со куририте или агентите кои ракуваат со багажот или воопшто со некое лице вработено во аеродромот. Само во тој случај торбата на патникот би била потполна безбедна и осигурана дека во процесот на патувањето нема да дојде во контакт со опасни патогени.
Во моментов, дезинфекцијата на торбите се врши со помош на хемикалии, но тоа треба да се направи сосема темелно се со цел да се одржи безбедноста. Истотака може да се користи и UV-C светлината, но таа се употребува во внимателно контролирани услови, подалеку од животни и луѓе.
Секако дека како идеја за старт-ап компанија која би го раководела багажот постои голем потенцијал за работа.
Секако треба да се напомене дека IATA ги издаде безбедносните протоколи за раководење со багажот, односно постојат процедури на работење кои ќе го оневозможат ширењето на заразата на патничкиот багаж во земјата и странство.