КОРОНАВИРУСОТ ВЛИЈАЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА И ПРИХОДИТЕ ОД ПАТНИЧКИОТ АВИО ПРЕВОЗ, ОТКРИВА ИАТА
По првичните проценки на влијанието на COVID-19, се предвидува глобалната загуба на приходите во рамките на авио индустрија да достигне околу 27,8 милијарди американски долари до крајот на 2020 година.
По првичната проценка на влијанието, ИАТА објави дека појавата на коронавирусот (COVID-19) има причинето потенцијален 13 процентен годишен губиток кај превозниците на побарувачката за патници во азиско-пацифичкиот регион.
Кога ќе се земе во предвид дека предвидениот раст на авиокомпаниите во регионот требал да биде 4,8%, нето влијанието на појавата на коронавирусот ќе биде 8,2% целогодипен пад во однос на нивото на побарувачка за 2019 година.
Во реална смисла, тоаа претставува загуба на приходи од 27,8 милијарди американски долари во 2020 година за авио превозниците во азиско-пацифичкиот регион. Најголем дел од нив би биле превезувани од кинеските авио превозници, со 12,8 милијарди американски долари загуба само на домашниот пазар на Кина. Слично на тоа, авио превозниците кои се надвор од азиско-пацифичкиот регион се очекува да доживеат загуба од 1,5 милијарди американски долари, под претпоставка дека загубата на побарувачката е ограничена на пазарите поврзани со Кина.
На глобално ниво, ова би резултирало со вкупно изгубени приходи од 29,3 милијарди американски долари и претставува 4,7 проценти од побарувачката. Во декември 2019 година, ИАТА прогнозирала раст на глобалните приходи на патнички километри (RPK) од 4,1%, но со загубата како резултат на вирусот COVID-19 елиминиран е секаков очекуван раст во 2020 година, со што резултатот ќе биде 0,6% глобално намалување во побарувачката за патници оваа година.
Проценетото влијание на епидемијата COVID-19 исто така претпоставува дека јавниот здравствен центар за итни случаи ќе остане во Кина. Доколку се шири пошироко на азиско-пацифичкиот пазар, тогаш влијанието врз авиокомпаниите од другите региони би било поголемо.
Генералниот директор на ИАТА, Александар де Јуниак, рече: „Овие се предизвикувачки времиња за глобалната индустрија на воздушниот сообраќај. Запирањето на ширењето на вирусот е врвен приоритет. Авиокомпаниите ги следат насоките на Светската здравствена организација (СЗО) и другите јавни здравствени тела со цел патниците да бидат безбедни. Остриот пад на побарувачката како резултат на COVID-19 ќе има финансиско влијание врз авиокомпаниите – сериозен за оние што се особено изложени на кинескиот пазар. Ние проценуваме дека глобалниот сообраќај ќе биде намален за 4,7% од вирусот, а загубите од приход околу 29,3 милијарди долари. Авиокомпаниите насат тешки одлуки за намалување на капацитетите, а во некои случаи и на рутите. Пониските трошоци за гориво ќе помогнат да се надомести дел од изгубените приходи. Ова ќе биде многу тешка година за авиокомпаниите“.