КОВИД19 ГИ ПОТТИКНУВА ЛАНЦИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ ДА СЕ ПРОМЕНАТ

Нарушувањата предизвикани од COVID-19 го доведува во прашање производниот модел кој стана доминантен во последните децении. Лоренс Бун (Lawrence Boone), главен економист во ОЕЦД (OECD – The Organisation for Economic Co-operation and Development), изјави дека трговските тензии, побарувачката за поправеден меѓународен даночен систем и климатските проблеми, а сега и пандемијата на вируси, ги принудуваат фирмите да се прилагодат на нова организација.

„Она што го гледавме во текот на последната деценија е ефикасно управување со залихите во реално време и интегрирани ланци на снабдување. По оваа епидемија, компаниите веројатно ќе го преиспитаат начинот на управување со залихите, организацијата на производството, како влијаат на нивното оданочување, каде треба да се лоцираат за да се минимизира ризикот од климатските услови. Веројатно ќе видиме различна организација на ланците на снабдување“, рече Лоренс Бун.

Од ОЕЦД посочуваат дека КОВИД-19 е најголемата закана за глобалната економија од финансиската криза во 2008 година, при што проектираниот раст оваа година ќе падне за 0,5%.

Списокот на компании погодени од пандемијата се зголемува секој ден. Procter & Gamble, американска компанија која соработува со 387 добавувачи во Кина, испорачувајќи повеќе од 9,000 материјали, укажува дека може да бидат засегнати скоро 17.600 производи. Испораките за iPhone на Apple ќе бидат „привремено ограничени“. Во една студија, аналитичарите од американскиот истражувачки центар Дан и Бредстрит (Dun & Bradstreet ) откриле дека повеќе од 5 милиони компании можат да бидат погодени од прекин на доставувањата во Кина.

Во меѓувреме, JCB го намали производството заради недостиг на делови, брендот за спортска облека Under Armor очекува да достигне приход од 50-60 милиони американски долари, а некои производители на автомобили пријавија доцнење во производството. Испораките од Кина за првиот квартал на 2020 година се намалени за 16% на паметните часовници, 12,3% на лаптопите и 10,4% на паметните телефони, пренесува TrendForce.

Консултантската компанија Mintec предвидува дека побарувачката за мед оваа година ќе падне за 500.000 тони, додека цените на лукот и сушениот ѓумбир се зголемени бидејќи залихите се загрозени. Цените на нафтата исто така паднаа како резултат на пониската побарувачка.

Повеќето компании го имаат ограничено деловното патување и деловните состаноци. Глобалното здружение за бизнис патувања соопшти дека индустријата може да губи 46,6 милијарди долари месечно бидејќи компаниите ги ограничуваат патувањата и состаноците во странство.

Повикот за трговците е да го разгледаат нивото на залихи, да останат во контакт со добавувачите, да ги прегледаат структурите на цените и да се осигураат дека имаат план за вонредни случаи.

Ричард Вилинг, од школата за менаџмент Кранфилд од Кранфилд, Англија, рече дека вирусот влијаел на слабоста на ланецот на снабдување. „Недостасуваше стратегија за управување со ризикот, одржливост и флексибилност во ланците на снабдување. Патот до развојот е да си признаеме дека работите ќе тргнат наопаку. Потребно е да се развива отпорност на мрежите за испорака во тек на добрите времиња – да се разговора и споделува, да се создава соработка и доверба, што потоа ќе биде од непроценливо значење за време на тешките периоди “, додава професорот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *