КАТАР EРВЕЈС КАРГО ЈА ЗАЈАКНУВА СВОЈАТА ПОЗИЦИЈА НА ПАЗАРОТ ВО ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА
„Катар ервејс карго“ најавува зајакнување на своето присуство во регионот на Централна и Источна Европа, што претставува се поважен пазар за оваа компанија.
Од 1 октомври, Qatar Airways Cargo ќе ја претставува унгарската групација R -BAG во осум земји – Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Романија, Србија, Словачка и Словенија, како генерален застапник за продажба и услуги, се вели во соопштението.
Секоја недела, Qatar Airways Cargo ги опслужува Будимпешта и Прага со неколку линии на товарни авиони, како и со мини-товарни или патнички авиони претворени во товарни. Према Софија, Загреб, Букурешт и Белград, Катар Ервејс Карго ги обезбедува своите услуги за патнички летови.
лавните пазари за Qatar Airways Cargo во регионот на Централна и Источна Европа во моментов се Чешка и Унгарија, како и Бугарија, Словачка и Романија.
Како што е најавено, групацијата R-BAG ќе промовира, продава и развива карго услуги на Катар ервејс, првенствено прилагодени услуги како што се QR Pharma и решенија во температурен режим, поврзувајќи ги компаниите од Централна и Источна Европа со дестинации во својата широка мрежа, на пазарите на Блискиот Исток, Индија, Северна и Југоисточна Азија, Африка и Америка.
Преку силно партнерство и стратешки активности, Р-БАГ ќе ги вложи сите напори да ја зајакне позицијата на Катар ервејс Карго на пазарите во Централна и Источна Европа, вели Ева ван Барен-Хорват, извршен директор на групацијата Р-БАГ.
R-BAG е започнат со работа во 2001 година, со седиште во Будимпешта и ги покрива пазарите во Централна и Источна Европа, обезбедувајќи сеопфатни, интегрирани воздушни и логистички решенија. Компанијата оваа година слави 20 -годишнина, со посветен тим од повеќе од 50 колеги во своите 10 локални канцеларии во ЦИЕ.