КАКО БУМОТ НА Е-ТРГОВИЈАТА ВЛИЈАЕШЕ ВРЗ СИНЏИРИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ
Развојот на е-трговијата има се поголемо влијание врз логистичкиот пазар. Во секторот за е-трговија, пазарот се зголеми за 16% во 2019 година, односно на 287.572 милиони евра. Се предвидува да достигне 500 милијарди евра до 2024 година со просечна годишна стапка на раст од 12,2%.
Ова го покажуваат податоците од анализата на глобалната е-трговија и логистичкиот пазар на Transport Intelligence (Ti). Во текот на следните пет години, европскиот пазар се очекува да расте, со годишна стапка на раст од 8,1%. Главните сегменти за е-трговија, како модата и електрониката, се поразвиени во Европа, но голем број сектори имаат огромен потенцијал за раст. Еден ваков пример е пазарот на намирници преку интернет.
Според истражувањето на консултантската фирма Kantar & Profitero, меѓу скоро 200 глобални брендови, само 17% веруваат дека нивните организации се лидери во секторот за е-трговија, додека 71% велат дека „одржуваат темпо“ или „фаќаат чекор“.
50% од испитаниците посочуваат на цените и на профитабилноста како најголем предизвик во развојот на е-трговијата. 40% велат дека прилагодувањето на постојните синџири на снабдување на е-трговијата е нивниот следен најголем предизвик – загриженост што е влошена од кризата предизвикана од COVID-19.
25% велат дека немаат посебна стратегија за понуда на асортиман на производи во онлајн продавниците, додека 38% изјавиле дека тие го прилагодуваат својот асортиман од физичките продавници. Употребата на податоци и анализи за да се постигне раст се развива со бавно темпо. Само 8% применуваат технологија за предвидување на аналитиката во нивниот бизнис за електронска трговија.
Пандемијата ги погоди е-продавачите во Италија и Шпанија, со што ја преполови продажбата, додека трговците преку Интернет во Франција успеаја да ја зголемат меѓународната продажба за 12% на годишно ниво.
Во САД и Велика Британија, е-трговијата порасна за 53% во првиот квартал, во Кореја – за 45%. Во Кина, прекуграничните приходи од е-трговијата се зголемија за 25%. Прекините во синџирите на снабдување во Индија ги ставија на тест локалните бизниси. Онлајн продажбата е зголемена за само 8%, а кризата ги принуди глобалните компании да ги прекинат своите услуги.