ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО САД

Јавниот превоз позитивно влијае врз заедниците но и врз животот на луѓето кои што живеат во нив, притоа поттикнувајќи економски развој, промовирајќи одржлив животен стил и обезбедувајќи повисок квалитет на живот. Всушност секој сегмент на општеството, односно лицата, семејствата, групите  и заедниците како и бизнис секторот имаат директни придобивки од јавниот превоз.

Јавниот превоз се состои од различни видови на транспортни средства

  • Автобус
  • Лесна градска железница
  • Метро
  • Приградска железница
  • Такси превоз
  • Тролејбус
  • „Мини комбе“ сервиси
  • Ферибот и такси на вода
  • Услуги на паратранзит (возење со придружба) наменет за повозрасни особи и лица со посебни потреби
  • Монорејл и трамвај.

Факти за америчкиот јавен превоз

  • Во 2018 година, Американците извршиле околу 9,9 милијарди патувања користејќи го јавниот превоз
  • Дневниот број на патници кои го користат јавниот транспорт изнесува 34 милиони
  • Во 1997 растот на популацијата во Америка изнесувал 19% додека пак порастот во користењето на јавниот транспорт таа година изнесува 21%
  • Јавниот транспорт е индустрија која изнесува околу 71 милијарда долари и вработува околу 430.000 луѓе
  • Во Америка има околу 6.800 компании кои обезбедуваат јавен превоз
  • Се проценува дека 45% од американците немаат пристап до јавен превоз
  • Милениумците го сметаат јавниот превоз како најдобро место за дигитално дружење и најдобро место за поврзување меѓу заедниците.

Јавниот превоз обезбедува економски придобивки

  • Секој 1 долар инвестиран во јавниот превоз значи заработка во вредност од 4 долари
  • Секоја 1 милијарда инвестирана во јавниот превоз обезбедува нови 50 000 вработувања
  • На секои 10 милиони долари капитална инвестиција во јавниот превоз, се создаваат 30 милиони долари зголемена продажба
  • На секои 10 милиони долари оперативна инвестиција се добиваат 32 милиони долари во бизнис продажбата
  • Се претпоставува дека 37 милијарди долари од потрошувачката која се однесува на јавниот транспорт се слеваат во џебот на приватниот сектор
  • Јавниот превоз е за 42% подобар во високо фрекфентните области во однос на пониско фрекфентните области
  • Во оние градови во кои има директен железнички пристап, хотелите работат со подобри приходи за 11% во однос на оние градови кои немаат директен железнички пристап.

Јавниот превоз е побезбеден отколку автомобилскиот превоз

  • Едно лице може да ја намали шансата за несреќа за 90% ако наместо автомобил користи јавен превоз
  • Ако се прави сооднос на безбедноста за секој поминат километар, јавниот превоз на овој начин е 10 пати побезбеден отколку патувањето со автомобил.

Јавниот превоз заштедува пари

  • Просечно америчко домаќинство троши 16 центи од секој долар за транспорт, а 93% од тие средства одат за купување, сервис и одржување на автомобилот, без притоа да не се заборави цената за неговото паркирање
  • Едно америчко домаќинство може да заштеди околу 10 000 долари со користење на јавен превоз и притоа да функционира со еден автомобил помалку.

Јавниот транспорт ја намалува потрошувачката на бензин

  • Проценката е дека со користењето на јавниот транспорт, во САД се заштедуваат околу 15,8 млд. литри (4,2 млд. галони) бензин на годишно ниво.

Јавниот транспорт ја намалува емисијата на штетни гасови

  • Проценката е дека ако заедниците инвестираат во јавен превоз тогаш ја намалуваат емисијата на штетни гасови поточно емисијата на јаглерод за 37 милиони метрички тони на годишно ниво.

Јавниот превоз ги подобрува личните можности

  • Јавниот транспорт овозможува лична мобилност и слобода на движење на луѓето
  • Пристапот до јавен превоз им овозможува на луѓето опции за превоз кога одат на работа, на училиште, на гости или на лекар
  • Вкупно 87% од патувањата со јавен превоз имаат директно влијание врз локалната економија
  • Од сите корисници на јавниот превоз 71 % се вработени, додека само 7% се студенти.

Скоро две третини од корисниците на јавниот транспорт одат пешки до прбата станица на која што го чекаат јавното превозно средство.

Извор: The American Public Transportation Association (APTA)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *