ИНОВАТИВЕН СИСТЕМ ЗА ТРАНСПОРТ ВО ДУБАИ НАРЕЧЕН SKYWAY
Дубаи е најголемата метропола во Обединетите Арапски Емирати со преку 3 милиони жители. Транспортниот систем во оваа метропола се состои од лесен железнички превоз, автобуски превоз, метро и монореил. Постои реална шанса во иднина Дубаи да има и петти вид на транспортен систем.
Кабинетот за медиуми при Дубаи лани го објави потпишувањето на Меморандум за разбирање со Skyway Greentech. Овој договор кажува дека би требало да постои 15 километарски SkyWay – урбан транспортен систем со 21 станица меѓу облакодерите DIFC и MyTownDubai.
Иновативна железница која се движи на висина
Што стои позади овој концепт? SkyWay е механички водена суспензија на железница при што таа може да се спореди со Wuppertal – железница со суспензија, но секако со употреба на најсовремени технологии. Инвеститорот и производителот на иновативниот систем SkyWay е групата SkyWay на рускиот пронаоѓач Анатоли Јуницки.
За Дубаи треба да се користат транспортни единици со капацитет од максимум 10 патници, при што ќе се овозможи транспортен капацитет од 8400 лица на час во дадена насока.
Трасата на самиот систем се состои од две исправени шини кои се опремени со претходно нагласени челични кабли и истовремено се исполнети со бетон. Вагоните се движат по тие шини со помош на дополнителни странични тркала кои им даваат правец.
Брзини до 600 км на час
Оваа технологија се чини дека одговара и доволно е развиена во однос на нејзината механика. Развојната програма чини 50 милиони американски долари (околу 44 милиони евра) со над 100 000 инвеститори под водство на пронаоѓачот Анатоли Јуницки. Во рамки на програмата се развива широк спектар на други револуционерни транспортни системи. Од 2015 година, SkyWay Technologies Co., својот производствен капацитет и местото на тестирање, локацијата т.н. EcoTechnoPark со големина од 36 хектари ја изгради во близина на Мерина Горка во Белорусија.
Различните транспортни системи треба да ги покријат потребите на патничкиот превоз во градскиот и меѓуградскиот сообраќај со брзина до 600 км на час. Оние кои го работат SkyWay тврдат дека малите транспортни единици кои може да превезуваат од 1 – 168 патници може да патуваат безбедно во интервали од само две секунди. На овој начин ќе се овозможи транспорт на дури 50 000 патници во рок од еден час.
Развиени се и транспортни системи за карго превоз, при што постојат различни видови на транспортни единици со различна намена односно различни видови на вагони за различен товар. Шините и тркалата се изработени од челик и се безбедни за користење.
SkyWay ја демострира изводливоста на неговиот систем преку различни технички студии и тестирање во тунел во кој има симулација на ветер кој дува со брзина од 500 километри на час, воедно и оперативни тестови со прототипи на транспортни единици во нивна оригинална големина. Мора да се истакне дека инвестициите и трошоците за тестирање треба многукратно да бидат под трошоците кои се користат за други видови на иновативни транспортни решенија како Hyperloop или конвенционалната железница.
Технички предизвици
Во однос на практичната примена на системот SkyWay во Дубаи треба да се постават уште неколку прашања.
Беше соопштено дека интервалот помеѓу возилата ќе трае 2 секунди со средно проценето време на застанување од најмалку 10 секунди. Ова воедно би значело дека треба да постојат станици со многу долги платформи за застанување.
Од друга страна, ако се користат поголеми транспортни единици, како што е SkyWay Unibus кој се состои од три единици, кој истовремено може да транспортира 18 патници, како што е презентирано на InnoTrans 2018, средното проценето време на застанување ќе биде подолго од 20 секунди. Според ова се доаѓа до заклучок дека фрекфенцијата на возила на една станица ќе изнесува само две транспортни единици. Ова понатаму би резултирало со транспорт на само 2 000 патници во рок на еден час, што е многу под бројката во која се вели дека ќе има можност да се транспортираат 8 400 патници во рок од еден час.
Документацијата која досега е ставена на увид покажува дека во рамки на транспортните единици нема вклучено климатизација за разлика од Алстром – системот за лесна железница, каде што транспортните едници се климатизирани. Ова укажува на недостаток, бидејќи е потребна климатизација особено за топлата клима во Дубаи. Па затоа системот треба да се доработува, да се доразвива и да се прилагоди за да може да се употреби во Дубаи. Според извештаите, челниците на проектот планираат и нова оперативна станица лоцирана во арапскиот свет.
Покрај техничките неизвесности, прибирањето на финансиски средства и долгорочното финансирање на технологијата кои стануваат ограничени, во неизвесност се става иднината на компанијата.