ИЗВЕШТАЈ НА ИАТА ЗА АВИО КАРГО ПРЕВОЗОТ ВО СЕПТЕМВРИ – КОВИД-19 СÈ УШТЕ ГО ПОГОДУВА АВИО ПРЕВОЗОТ
Последниот извештај на ИАТА за авионскиот товарен превоз покажува дека глобалната побарувачка за карго транспорт во септември 2020 година е под нивото на побарувачката од септември 2019 година, но сепак со одредени подобрувања во споредба со август, оваа година.
Измерено во нето-тони километри товар (CTK), глобалната побарувачка е за 8% помала овој септември отколку во истиот месец во 2019 година (-9,9% за меѓународни превози) Тоа претставува одредено подобрување во споредба со падот на годишно ниво забележано во август (-12,1%.) Во однос на август, во септември побарувачката се зголемила за 3,7%.
Во однос на глобалниот капацитет, мерено во расположлив тон-километри товар (ACTK), бројките во септември се намалиле за 25,2% во споредба со септември 2019 година (-28% за меѓународни превози). Намалувањето тука е скоро три пати поголемо отколку во случајот со побарувачката, што укажува на сериозен недостаток на капацитет на пазарот.
„Волуменот на воздушен товар е намален во споредба со 2019 година, но ситуацијата е сепак многу подобра отколку во авионскиот превоз на патници, кој сега се соочува со екстремни потешкотии. Што се однесува до транспортот со карго авион, околу 92% од операторите сè уште работат, додека околу 90% од меѓународниот патнички сообраќај е изгубен. Поволните показатели за врвот на сезоната на крајот на годината ќе бидат погодни за понатамошно закрепнување на побарувачката. Превозниците од Северна Америка и Африка веќе пријавуваат зголемена побарувачка наспроти 2019 година. Капацитетот сеуште останува предизвик. Бидејќи превозниците ги прилагодуваат своите возни редови за да ја земат во предвид намалената побарувачка за авионски превоз на патници како резултат повторната нагорна линија на пандемијата COVID-19, вредниот товарен капацитет на патничките авиони ќе се изгуби кога е најпотребно “ -изјави Alexandre de Juniac, извршен директор на ИАТА, уште во септември месец.
Значителни разлики помеѓу регионите
Постојат значителни регионални разлики, при што превозниците од некои делови на светот бележат пораст на побарувачката, а од други – пад. На пример, африканските авиокомпании пријавиле пораст на побарувачката од 9,7% во септември. Септември е петти месец по ред кога регионот забележа најсилен раст. Додека кај авио капацитетитенамалени се за 24,9%.
Од друга страна, превозниците од Северна Америка се вратиле на нивото пред кризата, забележувајќи пораст на меѓународната побарувачка од 1,5% во споредба со претходната година. Ова беше прво вакво зголемување во последните 10 месеци. Овие добри резултати се должат на патиштата помеѓу Азија и Северна Америка, што ја рефлектираат побарувачката во е-трговија за производи од Азија. Сепак, треба да се забележи дека меѓународниот авио капацитет се намалил за 19,7%.
Резултатите од другите региони се пониски. Во однос на меѓународниот товар, авиокомпаниите во Азија Пацифик објавиле пад на побарувачката од 14,6% во септември. За европските превозници бил 15,7%, додека авиокомпаниите во Латинска Америка забележале пад од 22,2% во споредба со истиот месец во 2019 година.