Читателите на „Еуромобилност“ објаснуваат како загриженоста за безбедноста во сообраќајот ги одвратила од патување со велосипед.
Процентот на возрасни во Скопје кои велат дека возат велосипед барем еднаш месечно опаѓа, а во оваа статија читателите од цело Скопје објаснуваат зошто се откажале од возењето велосипед во превозот.
Возете во сообраќајниот шпиц? Не, благодарам
Престанав да возам велосипед затоа што мојот беше украден двапати, заклучен од мојот влез во период од една година. Изгубив околу 26.000 денари. Тоа искуство беше доволно за да ме одврати да купам велосипед по трет пат.
Друга причина е тоа што не се чувствувам удобно и безбедно да возам велосипед до работа во Визбегово. Ја напуштив идејата откако направив неколку пробни возења оваа пролет. Дали го правите истото во сообраќајниот шпиц? Не, благодарам. И трета причина е дека не се чувствувам безбедно да патувам со мојот осумгодишен син.
Ми „отидоа“ живците
Цел живот возам велосипед и имам поминато илијадници километри, но имав и неколку години пауза. Кога започнав повторно да возам, минатата година, беше доста стравично искуство. Готово без „пардон“, сите учесници во сообраќајот беа агресивни и нетрпеливи и негодуваа што треба да ја споделат, улицата, тротоарот. Мои пријатели, исто така искусни велосипедисти имаа трауматични несреќи опасни по живот.
Знам дека со измените на Законот за сообраќај се даваат повеќе права на велосипедистите, но сметам дека тоа нема да направи никаква разлика. Никогаш повеќе нема да возам велосипед, ми отидоа нервите. Но ќе го надополнам со пешачење и користење на јавен превоз, Ристо Несторов, 58 години.
Тука е опасно за возење велосипед
Повторно се качив на велосипед пред три години, со цел да го научам внукот околу безбедноста на пат. Но оваа година ги продадовме велосипедите. Тука е премногу опасно. Радишани нема велосипедски стази, ништо не е означено за велосипеди, а велосипeдските стази започнуваат далеку од кај нас.
Навистина бев потресена
Престнав да возам велосипед пред неколку месеци. Едно од причините е што сум трудна, но и од злоставувањето од страна на возачите во градот.
Последниот пат на велосипед, ја поминав улицата на велосипед кога се запали зелено за пешаци и велосипеди. Автомобил кој сакаше да сврти десно, сопре, а две возразни личности почнаа да викаат од возилото: „Гледај кога поминуваш улица“. Не можев да сфатам дека викаат на мене, а потоа на островчето сопрев во шок.
Навистина бев потресена и за жал одлучив да не возам велосипед додека не се породам. Мојот маж редовно вози велосипед и не ги трпи ниту пола од злоставувањата што јас ги поднесувам, Тина, 36 години, Скопје.