ЕВРОПСКИ АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА УПОТРЕБА НА ПЛАТО „ЏЕБНИ“ ВАГОНИ
По трагичната железничка несреќа што се случи на Мостот на Големиот Белт во Данска, Европската агенција за железница-ЕРА објави дека Секретаријатот на Заедничката железничка мрежа (JNS) издаде европски акционен план кој содржи краткорочни мерки за намалување на ризикот за користење на плато „џебни“ вагони.
Сите железнички оператори низ цела Европа се залагаат за одржување на железницата како најсигурен сообраќај во копнениот транспорт. Овие мерки имаат за цел да обезбедат соодветно одржување на клиновите, а особено на механизмот за заклучување на транспортната единица, правилно позиционирање на полуприколките на џебниот вагон за целото времетраење на патувањето и вертикалното заклучување на полуприколките.
Прелиминарниот извештај од данското национално истражно тело (НИБ) покажа дека полуприколките не можат да бидат доволно обезбедени од раздвижување кога се транспортираат во плато „џебни“ вагони. Особено, во неколку наврати беше откриено дека механизамот кој ја заклучува теглениковата кука за вагонот (тип FW6170) бил отклучен.
Данскиот орган за безбедност во железничкиот сообраќај (НСА) го известил Секретаријат на Заедничката железничка мрежа (JNS) за започнување на итна постапка за менување на мерките за сигурност. На барањето, Секретарјатот се согласил и формирал работна група организирана и со која претседава Агенцијата за железници на Европската унија.
Работната група, составена од експерти од соодветните секторски организации, го дефинирала акциониот план кој содржи краткорочни сигурносни мерки, кои ќе бидат дистрибуирани до сите актери вклучени во транспортот на полуприколки на плато „џебни“ вагони.