ДЕСЕТ ТРИКОВИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МАГАЦИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

Дали ја знаете следната констатација: Под постојан притисок сте за да ги забрзате своите операции, да ја зголемите продуктивноста и да ја подобрите ефикасноста во вашиот магацин, а вашата компанија не е подготвена за големи капитални инвестиции или за зголемување на бројот на вработени?

Со постојаното зголемување на трошоците за гориво и транспорт, кои сè повеќе доминираат во пресметките и буџетите на логистиката, многу менаџери од оваа бранша и дистрибутивни центри се наоѓаат во тешка позиција. Вистинското прашање за овие менаџери е: Како да ја исцрпиш ефикасноста од својот магацин, а да не го зголемиш буџетот?

Ова можеби звучи како да очекуваат од вас да извадите ас од ракав, иако носите кратки ракави … Но, не очајувајте: Постојат повеќе работи што можете да ги направите за да ги подобрите вашите складишни операции без да потрошите многу пари.

Во продолжение ви даваме десетина практични идеи што се погодни за магацини од сите големини и нивоа на сложеност, и ги организиравме во четири основни категории: општ менаџмент; одлагање и складирање; наоѓање и „пикирање“, како и пакување и отпрема.

Општ менаџмент

Размислувајте стратешки. Преземете проактивен пристап наместо едноставно да одговорите на проблемите што веројатно се резултат на лошото планирање. Размислете помалку за купување нова опрема, а повеќе за промена на начинот на кој што работи вашиот магацин (иако постојат моменти кога менувањето на опрема е вистинскиот начин).

Треба да се препознае дека секогаш има простор за подобрување. Соберете информации од вашиот персонал и колегите и замолете ги за предлози и начини за подобрување на нивната работа. Воспоставете редовни состаноци со кратки формати и тековна агенда со клучните вработени со цел подобрување на ефикасноста во складирањето.

Чувајте ги работниците среќни и здрави. Среќен и здрав работник, кој е задоволен од својата работа е најчесто продуктивен. Зголемете го работниот морал, поставете реални метрика и понудете стимулации за извршени резултати. За да се направи нивната работа помалку физички активна, создадете ергономски ефикасни работни области, особено за активности со додадена вредност, како што се „пикирање“ и пакување. Ставете ги артиклите со честа вртежливост на лесно достапни места, чувајте ја амбалажата блиску при рака и направете работните станици да се на соодветна височина.

Одлагање и складирање

Удвојте – За тоа што ви требало две движења,направете го едно. Кога одите по нарачан пакет, не одите со празни раце до таму. Кога сте на одредена локација и гледате дека количината на таа позиција е близу нула – пребројте и проверете ја и количината со вашата програма каде што ги водите залихите. Поместете две палети во исто време со помош на вилушкар со двојно подолги вилушки. Забрзајте го одлагањето со двојни вилушки за редење палети на истата складишна единица (SKU). Пред да ја поставите оваа техника, проверете дали зголеменото оптеретување е во согласност со капацитетот на вашата друга опрема за складирање.

Испитајте ја маршрутата во магацин за да утврдите дали има простор за намалување на патувањето. Брзите вртливи и продажни артикли треба да останат до влезно/излезната рампа. Производот кој најбрзо се движи треба да има најкраток пат. Префрлете ги сите не сезонски производи во задните делови на зградата.

Наоѓање и „подигање“ и пополнување

Слотирање. Тоа што се продавало минатата недела може само да се прошири оваа недела. Воспоставете критериуми за преместување. Сè што е надвор од тие критериуми, е она што треба да се премести од т.н. „ sweet zone “ – вредни позиции за брзо движење.

Наредете и сортирајте ја стоката според тоа како сакате да ги наредите палетите за отпрема. Поголемите, потешки картони треба да бидат наредени така што први да бидат комисионирани, додека помалите, фрагилни картони треба да им се даде место на крајот на патеката за комисионирање. Следете го вашиот персонал при комисионирање. Ако тие секогаш рачно го реинструираат производот пред да го соберат, тогаш е време за пресложување. Тоа е динамична задача што мора да биде дел од описот на работно место во магацин. Познавам компании кои постојано го преслагаат магацинот ​​затоа што едноставно од нив ја бара природата на работата.

Проучете ги профилите (структурата) на вашите налози. Колкав процент од вашите налози се нарачки со една ставка? Колкав процент на нарачки со една ставка има за ист производ? Наместо десетина пати да упатувате работник кој го комисионира налогот на една позиција, сортирајте ги претходно налозите со една иста ставка за ист SKU, така што тој да патува на истата позиција само еднаш.

Комисионирајте ги артиклите со бавен обрт директно од склад. Користете колички за комисионирање за да собереш артиклите со бавен обрт одеднаш директно од резервниот складт. Ова е поефективно отколку да ги придвижите напред кон поблиските позиции за пикирање, каде што само се продолжува патот на комисионирање.

Пакување и испорака

Направете распоред на сообраќајот на рампата. Застојот на рампата може да ја забави целата операција и да ги затрпа другите делови на магацинот. Распоредете го приемот и излезот на начин што ја балансира работата на вашиот магацин. Многу компании, особено оние без посебни рампи за влез и излез, испорака и прием, се распоредуваат во различни смени. Така, во една компанија, издавањето и отпремата се врши во утринската смена, а приемот и надополнувањето се врши во попладневната смена.

Се надевам дека овие десет трикови барем малку ги ангажираа вашите мозочни клетки за да исцедат дополнителни капки продуктивност и ефикасност.

Запомнете – Таичи Оно, пионерот на lean management, бил крајно несреќен кога поминал низ погонот и не нашол ништо, ниту една ситница што може да се подобри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *