ДАНСКА ВОВЕДУВА МИНИМАЛНА ПЛАТА ЗА СТРАНСКИТЕ ВОЗАЧИ
Данскиот парламент го усвои предлог-законот со кој се утврдува минималната плата за странските возачи кои превезуваат стоки и патници на територијата на Данска.
Со законот се дефинира сите возачи кои возат стока или патници кон и од Данска, при вршење на каботажа, мора да бидат платени исто како и возачите вработени во данските компании. Исто така, сите странски превозници ќе се запишуваат во посебен регистар, што ќе им помогне на данските власти полесно да го контролираат спроведувањето на оваа мерка.
Неисполнувањето на каботажата извршена на територијата на Данска од страна на превозникот, ќе се санкционира со парична казна од 10.000 дански круни (приближно 1.500 евра), додека казната во случај на непочитување на одредбите за минимална плата ќе изнесува 35.000 круни (приближно 4500 евра).
Оваа мерка се воведува заради бројните дански компании што формираат фиктивни компании во Источна Европа, а истите се занимаваат со транспорт на територијата на Данска.