ВО ПРВИТЕ 8 МЕСЕЦИ СЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ 7.601 ПАТУВАЊА НА ТОВАРНИТЕ ВОЗОВИ ВО ПРАВЕЦ КИНА – ЕВРОПА

Натоварен со автомобилски делови, облека и други предмети, товарен воз замина од Кина кон Полска носејќи производи од Кина, наменети за европскиот пазар.

Возот кој ја напушти Кина преку реката Алатав, најголемото железничко пристаниште во автономниот регион на северозападна Кина, Синджан-Ујгурски, патуваше по една од растечките релации на товарните возови од Кина кон Европа. Ова е проект на Кина за железничка поврзаност и за зајакнување на размената со Европа.

Трговскиот проект што започна во 2011 година и по падот што се случи со  КОВИД 19, воздушниот и поморскиот карго превоз мораа да го сносат целиот товар. Иако брзината на транспорт на товар е под притисок на брзината која ја нуди воздушниот превоз, темпото на пораст на железничкиот товар носи големи издигнувања во последно време.

Рутата Алатава во првите осум месеци годинава забележа 3 094 товарни железнички превози од Кина кон Европа, што преставува скок за овој вид на товарен превоз за 41% во споредба со минатата година.

Низ целата земја во првите осум месеци од оваа година се извршени 7 601 товарни превози на релација Кина – Европа, што покажува пораст на железничкиот товар за 44% во однос на истиот период минатата година.

Само во август месец извршени се 1 274 железнички превози кон Европа. Напливот на товарни превози на релација Кина – Европа делумно се должи на зголемената побарувачка на пазарот и поголемата ефикасност на царината.  Благодарение на дигитализираната царинска служба, времетраењето на запирањето на возовите што заминува по рутата Алатава се намали за дури 5 часа.

Во согласност со големиот пораст на карго патувањата, обемот на трговијата е зголемен. Испратени се околу 113 000 ТЕУ од што е за 66% повеќе од минатата година.

Синџирите за снабдување работат во две насоки, па така произведените автомобилски делови во Кина се носат кон Европа, а пак некои произведени автомобили се извезуваат од Европа кон Кина. Производите со кои се тргува меѓу Кина и Европа преку карго – услугата се проширија од електронски услуги во над 200 категории на стоки, вклучувајќи автомобили, вино и пакети за прекугранична е- трговија.

Службата за товарни возови помеѓу Кина и Европа е современа железничка верзија на копнен транспорт со „каравани на камили“ , но во меѓувреме таа одигра важна улога во непречено и стабилно обезбедување на транспорт на материјали, делови и производи на рутата помеѓу Кина и Европа но и земјите долж рутата.

Со ограничувањата на патувањата наметнати од КОВИД 19, услугата – товарен воз Кина – Европа стана симбол за спас на транспортот на анти – епидемски материјали со што влеа надеж кај многумина ко индиректно беа вклучени во битката со вирусот.

На 25 март, товарен воз на релација Кина – Европа  натоварен со  110 000 медицински маски, 766 медцински одела, тргна на патување кон Европа. До крајот на јуни, преку оваа услуга беа доставени 3,67 милиони предмети вклучени во контрола на пандемијата, со тежина над 27 000 тони. Предметите преку железнички превоз беа доставени до Германија, Франција, Италија, Шпанија и Полска.

„Пандемијата овозможи меѓу Кина и Европа да се прошират билатералните врски , а во Кина се зголеми довербата кон Европа и остатокот на светот во однос на економските релации.“ – изјави Силвестер Зафарц, поранешен генерален конзул на Полска во Шангај.

Тој додаде дека Полска работи на проект за железнички транспорт што се очекува да ја олесни услугата со возови до земјите во Западна Европа.

Кина вети дека ќе ги надгради услугите за товарен сообраќај. Најави голема инвестиција од околу 200 милиони јуани (29,2 амерички долари), за изградба на депоа за возови во пет клучни логистички центри, вклучувајќи ги  Urumqi, Chongqing и Zhengzhou.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *