ВОЗДУШНИОТ ТОВАРЕН ПРЕВОЗ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ НАМАЛУВА

И покрај малото подобрување на глобалниот пазар на воздушен сообраќај, капацитетот останува недоволен за задоволување на побарувачката. Ова го покажуваат податоците на Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА) за мај 2020 година.

Од сите региони, најголем пад има во Европа. Регистриран е годишен пад од 29,7% во обемот на меѓународниот воздушен сообраќај. Sпоред ИАТА, oграниченото производство и блокирањето до средината на мај придонесоа за лоши резултати. Меѓународниот капацитет е намален за 40,1%.

На глобално ниво, побарувачката за тон-километар опадна за 20,3% (-21,5% кај меѓународните превози) споредено со истиот месец минатата година. Сепак, ова е подобрување во однос на април 2020 година (25,6%).

Глобалниот капацитет, мерен во тони достапен товар по километар, се намали за 34,7% во мај (-32,2% за меѓународните превози) во однос на претходната година. Капацитетот на товар кој се носи во трупот на авионите се намали за 66,4% во мај во однос на претходната година, заради откажување на патничките летови, наспроти позадината на кризата КОВИД-19. Ова беше делумно компензирано со зголемување на капацитетите за 25,2% преку поголема употреба на карго-авионите.

Факторот на оптоварување се зголеми за 10,4 процентни поени во мај. Сепак, големината на зголемувањето сугерира дека сè уште постои побарувачка што не може да се исполни заради откажување на голем број патнички летови. Глобалните нарачки за извоз продолжуваат да паѓаат, но со забавено темпо.

Во азиско-пацифичкиот регион побарувачката опадна за 21,3% во мај 2020 година во однос на истиот период минатата година, Северна Америка за -9%, Блискиот исток – 25%, Латинска Америка – 22,1%. Во Африка е забележан најмал пад од – 6,3%.

„Побарувачката за воздушен превоз се намали за повеќе од 20% во однос на 2019 година. Патничкиот возен парк опадна за 34,7%. Разликата помеѓу побарувачката и капацитетите покажува предизвик за наоѓање простор кај карго-авионите. Изгледите за карго-летови стануваат пооптимистички отколку за патничките летови, но иднината е многу неизвесна. Останува тешко да се предвиди времетраењето и интензитетот на рецесијата “, изјави Александар де Жуњак, Извршен директор на ИАТА.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *