ВАЖНОСТА НА ПАРКИНГОТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ ЗА ОДРЖЛИВА МОБИЛНОСТ

Комбинирањето на возење велосипед и патување со воз е одлично за одржливо патување. Изградбата на безбедни места за паркирање на велосипедите на железничките станици, автобуски постојки и станбените заедници е значаен фактор – а исто така и предизвик.

Повеќекатни паркинг места за велосипеди во центарот на градот Минхен, Германија

Универзално е договорено дека треба значително да се намалат емисиите од транспортот во наредните години. Преминувањето кон електричните возила често се смета за голем чекор во таа насока. Но, зајакнувањето на јавниот транспорт и проширувањето на сообраќајот со велосипеди може да бидат уште позначајни. Според истражувањето на Универзитетот во Оксфорд, изборот на велосипед наместо автомобил за само едно патување на ден би можел да ги намали емисиите на јаглерод од транспортот кај просечниот човек за 67%.

Во Германија, експертите проценуваат дека околу 30% од патувањата со автомобил би можеле да се префрлат на велосипедизам. И тоа не се однесува на кратките патувања во градовите или населбите, кои многу лесно може да се направат со помош на велосипеди.

Комбинирањето на возење велосипед и патување со воз овозможува покривање на долги растојанија-дестинации и на тој начин нуди голем потенцијал за одржливо патување. Додека пак местата за паркирање велосипеди се важен елемент овде, ајде внимателно да погледнеме зошто.

Како изгледа добра велосипедска инфраструктура?

Удобната и безбедна велосипедска инфраструктура ги поттикнува луѓето да се качат на своите велосипеди. Во 2020 година, првата година на корона вирусот, возењето велосипед се зголеми до 48% повеќе во градовите кои додадоа обележани патеки за велосипеди, во споредба со оние кои не го направија тоа. Добрата мрежа, со директни и континуирани велосипедски патеки, им овозможува на велосипедистите да се движат брзо и удобнo.

POP-UP’S – обележани велосипедски патеки во Берлин

Големото влијание на добрата инфраструктура врз изборот на начин на транспорт може да се види во Холандија. Велосипедизмот таму е силно промовиран со децении. Холанѓаните изградија огромна мрежа на велосипедски патеки и велосипедски експресни патишта.

Тие се широки, јасно означени и често целосно одвоени од моторизираниот сообраќај. Речиси една четвртина од холандската популација секојдневно вози велосипед.

Важен елемент: Паркинг за велосипеди

Друг фактор на холандската стратегија: Модерен паркинг простор за велосипеди. Кога се градат нови станбени области, доволно места за паркирање на велосипеди е секогаш дел од развојот. Железничките станици нудат големи гаражи за паркирање на велосипедите, најголемата во светот се наоѓа во Утрехт со 12.500 паркинг места. Околу половина од сите патници на железницата во Холандија ги користат своите велосипеди на пат до и од станицата.

Анет Киндл, експерт за велосипедски сообраќај во истражувачкиот тим на Групацијата PTV, објаснува: „Велосипед плус воз станува атрактивен модел ако има добра врска со велосипед до и од станицата. Вториот важен аспект е ситуацијата со паркирањето. Објектите за паркирање на велосипеди на станицата мора да бидат лесно достапни, безбедни и заштитени од временските услови“.

Луѓето кои ги возат своите велосипеди секој ден обично не сакаат да ги заклучат своите велосипеди под некое улично светло. Но, исто така не сакаат да мораат да пешачат од паркингзите за велосипеди во далечниот агол на станицата до платформата. Безбедните и лесно достапни објекти се предуслов за велосипедот да стане секојдневно превозно средство.

Анет Киндл ја испитувала состојбата со капацитетите за паркирање велосипеди на германските железнички станици во студија нарачана од германската влада во 2019 година: „Истражувањето резултирало со проценета потреба од 1,5 милиони места за паркирање велосипеди на станиците до 2030 година, од кои еден милион од нив да се поставени на 1.000 станици кои се со највисок волумен на посетеност“.

Интегрирање на паркинг за велосипеди во велосипедската мрежа

Како резултат на студијата, формиран е нов информативен центар „Паркинг за велосипеди на железнички станици“ во Германија: тој е наменет да ги поддржи градовите и општините во создавањето атрактивна велосипедска инфраструктура со модерни капацитети за паркирање на велосипеди.

Велосипедски паркинг места на железнички и автобуски станици

Тоа е местото каде што придонесува експертизата на PTV Group за планирање сообраќај. Анет Киндл вели: „Во овој проект ги анализираме клучните аспекти на интегрирање на станицата и паркингот за велосипеди во локалната и регионалната велосипедска мрежа. Потоа го користиме ова за да креираме листа за проверка на придружните сообраќајни мерки“.

Ова вклучува, на пример, правење на објекти за паркирање велосипеди како дел од општинската стратегија за мобилност и нивно интегрирање во дигитални понуди, како што се мултимодални апликации.

Анет Киндл заклучува: „Ако се постави вистинската рамка, возењето велосипед и патувањето со воз може да формираат еден вид посебен транспортен начин и на тој начин силно да придонесат за еко-пријателска промена во мобилноста“.

 

 

Х. Петковска:

Оваа веб страна користи колачиња.

Читај повеќе