БРИТАНСКАТА ВЛАДА СЕ СОГЛАСИ СО ПАКЕТОТ ОД 1,6 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ ЗА ПОМОШ НА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО ЛОНДОН
Британскиот оддел за транспорт (DfT) се согласи на пакетот за поддршка на јавниот превоз во Лондон (TfL) за да може да се одржат железничките и автобуските услуги и притоа да не се појави финансиски јаз.
„Транспортот во Лондон“ -TfL вели дека како резултат на мерките преземени за заштита од корона вирусот има намалување од 95% од користењето на лондонското метро и 85% пад од користењето на автобуските линии.
„Ова предизвика вкупна загуба на приходот на работењето за 90% вклучително и приходите кои не доаѓаат од патниците туку се водат како приходи од рекламирање“ – изјавуваат од страна на компанијата Транспортот во Лондон (TfL). „Се очекува закрепнувањето да потрае подолго време и приходот кој доаѓа од патниците да биде значително намален и по олеснување на мерките преземени за заштита од корона вирусот“.
И покрај преземените дејства за намалување на трошоците, Транспортот во Лондон (TfL) вели дека падот на приходите е многу сериозен што нема да може да се ублажи загубата без надворешна поддршка, Транспортот во Лондон (TfL) има законска должност за одржување на избалансиран буџет. Транспортот во Лондон (TfL) проценува дека финансискиот јаз ќе изнесува 1,9 милијарди фунти во првата половина на 2020 година и дека тој ќе достигне до 3 милијарди фунти за целата година.
Пакетот за финансирање на Транспортот во Лондон (TfL) од 1,6 милијарди фунти за периодот од 1 -ви април до 17 октомври содржи грант во износ од 1,1 милијарди фунти со дополнително задолжување на Транспортот во Лондон (TfL) од Јавниот одбор за заем со околу 505 милиони фунти. Доколку вистинскиот износ на финансискиот јаз би бил поголем или помал тогаш пропорционално би се зголемиле или намалиле грантот и заемот, до маскимални 1,9 милијарди фунти.
Овие мерки се предвидени од страна на Транспортот во Лондон (TfL), Greater London Authority и Британскиот оддел за транспорт (DfT) за да му се овозможат на TfL да ги одржува основните услуги и да постигне ревидиран и избалансиран буџет за остатокот од финансиската година.
Нема да има промена на пакетот за финансирање кој е договорен во 2018 година за да се коплетира одложениот буџетски проект Crossrail. Транспортот во Лондон (TfL) и Британскиот оддел за транспорт (DfT) велат дека „ќе ги преземат сите можни напори за завршување на проектот што е можно поскоро и ќе продолжат да работат на дополнителна идентификација на извори за финансирање за да се заврши целиот проект“.
„Ја поздравувам поддршката од Владата која ќе ни помогне да ги придвижиме повторно работите и патувањето низ Лондон да биде безбедно и одржливо“ – вели комесарот за транспорт во Лондон Мајк Браун. „Работевме со 70 % капацитет од метро сервисите и над 80 % со автобуските услуги во ситуација кога дел од нашите вработени беа болни или беа во самоизолација. Од следната недела планираме дополнително да ги зголемиме услугите и пополека да ги вратиме нашите услуги на ниво како пред корона вирусот“.
„Бараме од сите кои патуваат да ги избегнат метежите за да може да се одржи социјалната дистанца, да користат заштитни маски кога го користат јавниот превоз и да пешачат или возат велосипед кога тоа за нив е можно. Воедно обезбедуваме нови и широки патеки за пешачење и возење на велосипед и го поддржуваме овој начин на транспорт“.
„Пред нас остануваат голем број на предизвици со кои треба да се справиме и да овозможиме понатамошно одржливо финансирање на јавниот транспорт во главниот град. Во меѓувреме ние ќе продолжиме да правиме се што е во наша моќ за да се постигне успешно закрепнување на нашиот град“ – се вели во изјавата на Браун.