АМАЗОН КОРИСТИ ПАМЕТЕН СИСТЕМ ДА ГИ „СЛЕДИ“ СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ И ДА ОВОЗМОЖИ ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА ДИСТАНЦА ВО ПЕРИОД НА ПАНДЕМИЈА ОД КОВИД 19
Амазон започна да користи систем за следење (AI-powered tracking system) на далечина во некои од своите магацини и канцеларии. Паметниот систем се користи со цел да овозможи во одржување на социјална дистанца во период на пандемија од КОВИД 19.
Таканаречениот систем на далечина користи снимки од фотоапаратот во зградите на Амазон за да детектира области со голем промет на лица. Додека луѓето поминуваат покрај камерите.
На мониторот се прикажува видео во живо на кое има визуелни прекривки кои даваат податоци дали луѓето меѓу себе ја одржуваат потребната дистанца од 2 метри.
Поединците кои ја почитуваат социјалната дистанца и се движат на 2 м. оддалеченост од останатите лица се обележани со зелени кругови, додека пак оние поединци кои доаѓаат поблиску до контакт се обележани со црвени кругови.
Индикаторите на екранот се дизајнирани да ги охрабрат и поттикнат вработените да одржуваат соодветно растојание меѓусебе.
Самостојниот уред бара само штекер за електрична струја и може брзо да се постави низ зградите во влезовите и низ објекти каде може да има поголема фрекфенција на луѓе.