АЛГЕРО – НАЈХАРМОНИЧНИОТ ГРАД НА САРДИНИЈА

Алгеро (Alghero) е навистина посебен град, место во кое се испреплетуваат каталанското и сардското и го обединило најдоброто од двата света.

Историски факти

Алгеро е основан во почетокот на 12 век од истата фамилија што ги основала другите градови на северна и северозападна Сардинија. Се работи за фамилијата Дорија од Џенова, која имала одлучувачко влијание врз Кастелсардо или Боса, градови на Сардинија.

Како важно пристаниште, често го напаѓале и се обидувале да го освојат, што на кратко време во 1283 година и успеало на Пиза. Но, нивната среќа била краткотрајна и една година подоцна градот е вратен под управа на Џенова.

Најважната година во историјата на Алгеро е 1353 година, кога моќната флота на арагонскиот крал Петар IV се појавила во водите пред градот. Повеќемесечната опсада вродила со плод и Алгеро бил освоен. Целото домицилно население било протерано, а на нивно место се населуваат доселениците од Пиринеите.

Каталонците веднаш започнале да градат силна тврдина и одбранбени sидови, а интересно е што внатре била забранет престојот за сите што не биле каталонци. Поточно, во градот им било дозволено да се задржуваат преку ден, но откако во предвечерјето ќе се огласеле камбаните, тие морале да го напуштат Алгеро.

Следните три и пол века биле обележани од каталонците, со што направиле клучно влијание врз развојот на градот, кој денес гордо ги покажува своите историски врски со Пиринеите. Повеќето денешни обележја, вклучувајќи ги и магичните градски sидини, датираат од тој период.

Во 1720 година, Алгеро бил под власта на благородната куќа на Савој, кој заедно со остатокот од Сардинија го вклучила под Кралството Италија и станал дел од Италија до ден-денес.

Алгеро денес

Денес, Алгеро е светлина на сардинскиот туризам и град кој се смета за идеална комбинација на морски, градски и природен туризам. Така можете да уживате во одличните плажи, спектакуларните градски знаменитости или природни атракции околу Алгеро.

Исто така, Алгеро е познат и по својата голема гастрономска понуда, која, како што се и очекува, во голема мерка е насочена кон специјалитетите од морска храна.

Ако на сето ова ја додадеме многу добрата локација, што ја олеснува посетата на другите туристички центри на островот, а со добра клима или понуда за сместување, јасно е дека се работи за дестинација која вреди да се посети.

Што да посетите во Алгеро

Исто како и Дубровник, Алгеро е широко познат по своите впечатливи и прекрасно зачувани градски ѕидини. Тие биле изградени за време на каталонската власт, односно од 14-ти до 18-ти век, кога го бранеле клучното упориште на Каталонците во Сардинија.

Можете да ги шетате ѕидовите потполно бесплатно, а оваа пријатна прошетка може да трае неколку часа, во зависност од тоа колку долго се шетате по одделни згради или едноставно застанете да уживате во прекрасниот поглед на Алгеро. Различни делови на ѕидовите имаат посебни имиња, користејќи ја формулата за додавање на имиња поврзани со бедем („бастион“). Така имаме бастион на Кристофер Колумбо, бастион на Марко Поло, бастион на Фердинанд Магелан, итн.

Ѕидовите се полни со проширувања, кои делуваат како тераси од кои можете да погледнете насекаде и да се восхитувате на хармонијата на камените градби и природата што ги опкружува. Исто така, можете да погледнете реплики на одбранбени топови или катапулти, а кога ќе се заморите, одморете се во одличните ресторани на ѕидините.

Катедралата е најпознатата градска градба, чија историја датира од 16 век. Најстариот дел е октагоналната кула со камбанаријата, препознатлива по нејзиниот врв обложен со разнобојни и сјајни плочки (наречена мајолика), типична за каталонските градби. Изворниот стил на градба е каталонски готски, додека подоцна се додавани ренесансни и неокласични елементи.

Друга црква позната по куполата мајолика е црквата Св. Михаел, посета што може да ја искомбинирате со најдобрата градска слаткара, Цирo (Gelateria Ciro), која е оддалечена на 20 метри.

Во стариот дел на градот има и неколку убави плоштади, кои заради пријатната и мирна атмосфера навистина делуваат како продолжени дневни соби. Една од нив е Пјаца Цивика (Piazza Civica), лоцирана на северниот раб на градските ѕидини, со неколку солидни ресторани и Палатата Д’Албис (позната и како палата Ферера), позната по тоа што во 1541 година на пат за битката против Отоманската империја во Алжир, кратко време во нејзе престојувал Карло V., Царот на Светото Римско царство.

Гастрономијата во Алгеро

Алгеро е познат по одличната храна и ресторани, а во кујната се измешани влијанијата на Сардинија, Каталонија и италијанското копно.

Како и целиот Медитеран, една од омилените предјадења е ладна чинија, која се состои од пршута, колбаси и одлични сардски сирења, меѓу кои пекориното е особено популарен.

Многу популарни се специјалитетите за морска храна, како што се јастог или разни јадења со морски еж. Како последица на влијанието на Пиринеите, паељата е секаде присутна.

Од уникатните десерти, ги истакнуваме сеадас. Тоа е пециво со сирење (обично пекорино), обложено со мед или попрскано со шеќер. Смоквите може да се користат исто така за засладување. Иако на почетокот може да изгледа како необичен десерт, сеадас е многу вкусен и посебен.

Во градот има многу слаткарници, а од понудата обично се истакнува каталонскиот крем, останата врска со каталонското минато.

Јавен превоз

За градските и меѓуградски линии во јавниот превоз на Алгеро е одговорна компанијата АРСТ (arst.sardegna). Вкупно има пет градски линии, кои генерално добро ги покриваат сите делови на градот.

Најзначајната линија за повеќето туристи е онаа со аеродромот Алгеро (Фертилија), позната како Ал.Ф.А. (Al.F.A. ), кратенка од релацијата Алгеро -> Фертилија -> Аеродром. Аеродромска автобуска станица е пред влезот на терминалот. Поаѓањата се чести и се во согласност со полетувањата / слетувањата на авионите, додека патувањето трае 20-30 минути. Оваа линија запира на повеќе станици во Алгеро, а почетната станица е на Виа Каталоњи (Via Catalogni).

Линија Цена
Редовен билет

Важи 90 минути

1,00 EUR
Зголемена цена за купен билет од автобус

Важи 90 минути

0,50 EUR
Дневен билет

Важи на денот на првото поништување до полноќ.

2,80 EUR

Превоз до Алгеро

Алгеро се наоѓа во северозападна Сардинија и има свој аеродром. Поврзувањето со другите европски дестинации во текот на сезоната е многу добро од страна на сите авиопревозници, вклучувајки ги и нискобуџетни компании.

Од Скопје до Алгеро можете да се превезете со авионска врска или сопствен превоз доколку планирате да прошетате.

Авионската врска во летната сезона можете да ја остварите преку аеродромите Рим Чампино со Виз Ер во петок и недела и понатаму да го продолжите патувањето со авион на компанијата Рајанер до аеродромот во Каљари. Од Каљари имате редовни автобуски линии за Алгеро.

Втората варијанта, со помал број на префрлувања можете да ја остварите преку  Милано Малпенса со Виз Ер и понатаму да продолжите со Рајанер до Алгеро. Цената на летовите во просек по патник изнесуваат околу 280 €.

Доколку се упатите за Италија со сопствено возило, на траект можете  да се качите од Цивитавекија кај Рим или Џенова до Порто Торес, пристаниште во близина на Алгеро.

Сместување

Како што е очекувано, цените се на својот врв во текот на сезоната, во текот на јули и август и паѓаат колку што е периодот подалеку од овие месеци.

Значи, во почетокот на јуни или крајот на септември, може да се најдат одлични понуди, особено во октомври или мај. Со оглед на тоа што овие периоди, особено октомври, се погодни за капење, ова може да биде одлична можност за поволна посета на Сардинија.

Во екот на сезоната приватното сместување за едно семејство во просек се движи од 60 € па нагоре на ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *