„Ако Полска веќе не им дозволува на возачите да дојдат на работното место (се мисли на Германија), тука ќе има недостиг на возачи“, призна Андреас Шеуер, германскиот Министер за транспорт и дигитална инфраструктура. „Ќе разговараме за овој проблем со полската влада“, додаде тој.
Германското Министерство за транспорт сака да се подготви за најлошото сценарио, т.е. ситуација во која полските возачи нема да можат да вршат превоз во Германија. Oдносно, во случај на загушувања, важните логистички задачи ќе ги преземе Бундесверот.
Германскиот министер за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер веќе информираше за оперативната подготвеност на армијата. Резервистите веќе се повикани да обезбедат поддршка во болниците.
BWVL сака да се укинат прописите за каботажа
Активностите на федералното здружение за економија, транспорт и логистика, Bundesverband Wirtschaft, Verkehr und Logistik (BWVL) eV ,исто така покажуваат дека Германија може да има потешкотии во исполнувањето на своите транспортни потреби. Во вторникот беше упатено барање до германската влада од страна на здружението во кое се бара прекинување на тековната регулатива за каботажа на 2 до 3 месеци.
Ова барање треба да осигури дека достапните странски возила можат да продолжат да возат и дека возачите нема да бидат во карантин за време на прекуграничното патување.
Како понатаму
Во време на пандемијата и новонастанатите состојби, јасно покажува колку е важен транспортот за функционирањето на општеството и економијата во целина.
Исто така, земјите од Западна Европа, како Германија, ја гледаат големата улога што ја играат превозниците од земјите на Централна и Источна Европа, за кои досега се обидуваа за овие возачи да се прилагодат националните и регулативите на ЕУ, како што е Пакетот за мобилност.
Со години, германските транспортни организации зборуваат за потребата да се намали „системската каботажа“, но во случај на криза, тие сакаат целосно да биде укината.
Да се надеваме дека сегашната криза ќе го натера западот да сфати колку му требаат превозниците и возачи од ЦИЕ.