АВСТРИЈА ПЛАНИРА ПЕТГОДИШНА ИНВЕСТИЦИЈА ОД 18,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА МРЕЖА

Рамковниот план од 18,2 милијарди евра за проширување и одржување на железничката мрежа во Австрија за периодот 2022-2027 година беше одобрен од Советот на министри на 3 ноември.

Австриските федерални железници (ÖBB) ја поздравија одлуката при што изјавија дека тоа е важен придонес за климатската заштита, која исто така ќе го подобри квалитетот на патниците, а истовремено ќе дејствува како важен економски мотор за австриските компании.

„Најголемиот пакет за проширување на железницата во републиката повторно ќе се надополни“, изјави министерката за климатска заштита, г-ѓа Леоноре Гевеслер. „Ова е важен инфраструктурен план за поголема климатска заштита. Бидејќи модерната мрежа и евтиниот „климатски“ билет го прават јавниот превоз попривлечен од кога било досега и секој километар со воз ја штити нашата клима“.

„Покрај големите главни линии, регионалните железници ќе бидат уште поатрактивни и поелектрифицирани“, вели извршниот директор на ÖBB, г-дин Андреас Мата. „Ова го прави префрлањето на воз поинтересно и во руралните области“. Тој го нарече тоа „добивка за патниците и животната средина“.

Планот, исто така, вклучува и зголемување на капацитетот за железнички товарен превоз со можност на планирање подолги и потешки возови, што според ÖBB ќе биде поекономично и затоа ќе се осигура дека железницата може да конкурира со патниот превоз.

Исто така, ќе има обновен фокус на дигитализацијата на железницата за да се подобри безбедноста и ефикасноста, додека покриеноста на мобилната мрежа исто така треба да се надгради.

Рамковниот план ги содржи следните проекти:

  • финансирање на планирањето за двоколосечна пруга помеѓу Херцогенбург и Сент Пелтен;
  • изгадба на двоколосечна пруга на линијата Верндорф – Шпилфелд-Штрас е спроведено за да се зголеми капацитетот долж јужната линија од Грац;
  • финансирање на четирите делови на Пирнаше што го поврзува Линц со Св Михаил вклучувајќи го и новиот тунел Босрук;
  • финансирање на две двоколосечни пруги на линијата помеѓу Шафтенау и одвојната станица Радфелд во Долна Ин долина;
  • проширување и модернизација на железничките станици како Филах, Рид им Инкрајс, главната станица во Инсбрук и Имст-Пицтал, и
  • продолжување на електрификацијата на регионалните железници низ Австрија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *