ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ СУПЕР АВТОМОБИЛИ
Супер автомобилите како тип се скапи. Скапи за купување и возење и секојпат кога ќе одат во сервис ќе треба да издвоите мало богатство. Сепак, тоа не мора да биде на тој начин, освен за износот што треба да го поседувате за купување на автомобилот.
Новата ера на спортски автомобили започна во 2008 година, кога Тесла ги претстави своите модели Roadster и Lightning GT. Обете ветија фантастични перформанси, иако Тесла повеќе се специјализираше на забрзувањето отколку на максималната брзина, што е честа тема за брзите електрични возила – ЕВ.
Сепак, ниту еден автомобил не ги задоволи фантазиите на купувачите и така останаа на периферијата на овој сектор.
Модел S (TESLA), i8 (BMW)
Сега сето тоа се промени благодарение на промената во перцепцијата за употребливоста на ЕВ супер автомобилите и она што тие имаат да понудат. Тесла направи многу со својот модел S, воведувајќи ја идејата на сензационални перформанси преку својот елегантен модел. Сепак, БМВ е тој кој навистина го воведе поимот супер автомобил на батериски погон преку својот модел i8 во 2014 година.
Се разбира, БМВ е со зголемен опсег поради 1.5 литарскиот мотор, кој делува како генератор за предните и задните електрични мотори кои го прават i8 толку брз. Без оглед на тоа, i8 наиде на широка пофалба и прифаќање од страна на возачите ентузијасти повеќе од кој било друг ЕВ суперавтомобил до денес, со помош на сино-белата тркалезна значка на носот.
I8 продолжува да се произведува и денес нуди избор на купе и роудстер модели, но сега има многу сериозна конкуренција.
Пристигнувајќи истовремено со i8 беше Rimac Concept One кој докажа дека чистиот ЕВ може да се натпреварува со хипер-автомобилите како што се La Ferrari и Porsche 918 кои користеа хибридна технологија за дополнување на нивните претежно бензински мотори.
Она што го смисли хрватската компанија Римац беше машината со 1224 КС, способна за 355 км/ч и 0-100 км/ч за само 2,5 секунди. Еднакво импресивен е опсегот на работа од 355 километри на Римац, но ова е далеку од амбицијата на Римац.
Хрватската фирма, исто така, ја има својата C-Two машина со 1914 КС од своите електро-мотори со ветувачки 0-100км за само 1,85 секунди. За да имаме претстава што значи, тоа е половина од времето што му е потребно на Porsche 911 Carrera да ја развие истата брзина, односно за четири секунди. Исто така, со C-Two тврдат дека ја достигнаа максималната брзина од 415 км/ч, а за да го доживеете тоа, треба да одвоите 1.6 милиони фунти (2,1 милиони долари).
За споредба, NIO EP9 е „евтин“ бидејки чини само 750.000 фунти (дури 1 милион долари), а за тие пари добивате старт до 100 км/ч за 2.7 секунди и брзина од „само“ 312 км/ч. Сепак, растојанието на работа изнесува 265 километри.
Porsche Mission E, Polestar 1, Piech Mark Zero, Mercedes-AMG OnE, Tesla Roadster
Останати супер-автомобили кои треба да се земат предвид се Porsche Mission E, Polestar 1, Piech Mark Zero, Mercedes-AMG One и целосно новиот Tesla Roadster. Секој автомобил има своја уникатност, а фактот дека големите играчи почнуваат да се појавуваат на овој пазар, ја докажува нивната привлечност како и на потенцијалните купувачи.
Ако имате средства и желба да поседувате ЕВ супер-автомобил, сепак може да имате пауза за размислување за тоа колку е навистина употреблив. На крајот на краиштата, со традиционалните супер-автомобили, знаете дека договорот вклучува многу застанувања за скапиот бензин и скапо редовно одржување.
Со одличен стисок, ракување и чувство на воланот, најновите производи на ЕВ супер-автомобили не само што ги стигнаа најдобрите возила на фосилни горива, туку тие веќе ги надминаа.