ЦЕНИТЕ ВО КОНТЕЈНЕРСКИОТ ПРЕВОЗ ОСТАНУВААТ ГОЛЕМИ
Очекуваниот пад на високите цени на контејнерскиот превоз од Азија ќе се одложи за најмалку уште 1-2 месеци.
Ова го предвидува г. Мирослав Варналиев, Развоен менаџер за поморски транспорт на Унимастерс логистик ЦСС, за време на веб-семинарот „Ефектот на КОВИД-19 врз логистиката и синџирот на снабдување – една година подоцна“.
По кризата во Суец со бродот Ever Given, цените на контејнерскиот транспорт повторно почнаа да растат, а во втората половина на април зголемувањето е доста сериозно.
Во својата презентација, г. Варналиев анализираше што се случува во воздушниот и поморскиот транспорт. Според него, има пораст на побарувачката за авиокарго транспортот. Побарувачката во февруари 2021 година била за 4,5% поголема од истиот месец минатата година. Зголемувањето доаѓа од карго летовите и чартерите за медицинска опрема. Додека не дојде до закрепнување на патничките летови, авиокарго превозот ќе страда од недостаток на доволен капацитет, што ќе влијае на цените. Во јануари годинава, цените на авиокарго превозите биле за околу 50% повисоки отколку во истиот месец минатата година.
Со постепеното закрепнување на патничките летови, се очекува постепено зголемување на капацитетот за авиокарго превозот, но мора да се земе во предвид зголемувањето од 25% на горивата во последно време, што неизбежно ќе влијае на цените.
Во морскиот превоз работите се уште покомплицирани. Поради малата побарувачка, бродските превозници масовно ги одложуваа своите патувања во пролетта минатата година, рече во својата анализа г. Варналиев.
Во септември забележано е зголемување на побарувачката како резултат на божиќната треска, но потоа продолжи темпото на одложените патувања и претстојните празници во Кина. Сето ова, заедно со високите цени и ограничениот капацитет во воздушниот транспорт, доведе до зголемување на побарувачката за поморскиот транспорт.
Цените скокнаа уште повеќе, а поради недостаток на пристанишни работници и превозници во различни земји, се забележува акутен недостиг на празни контејнери. Пред кризата, просечниот промет на контејнер, од целосен истовар до враќање на празен, траеше околу 8 дена. Минатата есен, овој период е продолжен на 20 или повеќе дена.
Контејнерските линии ги задржаа и зголемија за 4-5 пати цените на увозот од Азија. На пример, пред кризата, транспортот на контејнер од 40 фита од Шангај до Варна или Солун (цените се близу) чинеше околу 1800 американски долари. Јануари – декември минатата година, превозот на истиот контејнер достигна 8500 – 9000 долари.
За линиите со контејнери, 2020 година се покажа како најдобра финансиска година за последните 10 години. Оваа година за некои линии се очекува да биде уште попрофитабилна.
Кризата во Суец со бродот Евер Гивен доведе до одложено пристигнување на бродовите до крајните дестинации и метеж во пристаништата. Ова се очекува да доведе до недостаток на капацитет на бродови во следните 1-2 месеци, што ќе го зголеми бројот и ефектот на одложените превози. Тоа дополнително негативно ќе влијае на враќањето на празните контејнери.
Г-дин Варналиев исто така ја истакна важноста на карго осигурувањето во поморскиот транспорт. Прогласената Општа несреќа значи дека сите бродари кои немаат карго осигурување ќе мора да платат ефективен депозит за ослободување на нивниот товар. Додека во присуство на карго осигурувањето овој депозит и конечниот износ ќе бидат покриени од осигурителот.