СТАРТУВАШЕ НОВИОТ СИСТЕМ ЗА ОБРАБОТКА НА ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАЦИИ И АКЦИЗНИ ДОКУМЕНТИ
Царинската управа од 1 јуни започна со примена на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Со имплементацијата на новиот систем значително се поедноставува работата на сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка во ефикасна и модерна царинска околина.
Царинските постапки кои досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки. СОЦДАД е современ и комплексен систем кој ги интегрира постоечките системски решенија.
До СОЦДАД, економските оператори можат да пристапуваат преку сопствени системи или со користење на Е-порталот за трговци на Царинската управа кој е достапен без надомест.
Сите економски оператори за непречено поднесување на царински декларации во новиот систем навремено да проверат дали ги исполнуваат основните услови:
- Да поседуваат електронски потпис (сертификат);
- Да имаат одобрен пристап до СОЦДАД;
- Доколку поднесуваат декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да побарале и добиле Одобрение за застапување. Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД;
- Сите одобренија поврзани со царински постапки мора претходно да бидат обезбедени во СОЦДАД.
Поред овој систем под Е-Царина функционираат и следниве апликации:
- Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) кој употребува напредни компјутерски технологии и електронска обработка на податоци. Претставува современа алатка за спроведување на транзитната постапка, преку размена на електронски пораки помеѓу економските оператори и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави. Служи како алатка за управување и контрола на транзитните операции и овозможува модерно и ефикасно управување со истите.
- Асикуда
- Порталот за електронска комуникација (ПЕК) е on-line систем за електронска размена на документи со Царинската управа на Република Македонија. Системот им овозможува на надворешните кориснци да доставуваат најразлични видови барања до Царинската управа во електронска форма, како и во реално време да ја следат состојбата на доставените предмети.
- Интегрираната тарифна околина (ИТО) претставува бизнис концепт кој групира повеќе компјутерски системи што служат за размена на информации помеѓу Европската комисија и земјите -членки на Европската Унија (ЕУ).
- EXIM e електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење и претставува едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти. Овозможува пребарување според тарифниот број на стоката и добивање информации за тоа кои дозволи се потребни за увоз, извоз или транзит преку користење на опцијата Пребарување.
- Сервис за проверка на излез на стока од С. Македонија – системот овозможува на надворешните кориснци проверка во реално време на информацијата за излез на нивната стока од територијата на Република Македонија.
- Е-учење – Царинската управа во насока на исполнување на стратешкиот приоритет-Модернизација, овозможува изучување на царинската регулатива со помош на курсеви за електронско учење. Овие курсеви се наменети како за царинските службеници, така и за бизнис заедницата која ги применува царинските прописи.
До повеќе информации можете да дојдете преку порталот на Царинската управа/е-царина .
Извор: Република Северна Македонија, Министерство за финансии, ЦАРИНСКА УПРАВА