СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ ПРЕМИНУВАЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕМИН

Повод за овој текст е сообраќајната несреќа кај с. Ногаевци кога возило со кое организирано се превезувани лицата кои треба да одат на дијализа, управувано од професионален возач, го удри воз при што на лице место почина едно лице, а неколку се повредени. При тоа, да напоменеме дека железничкиот патен премин бил целосно во функција, односно работела светлечката и звучната сигнализација.

„Околу 12,10 часот, на железничката пруга помеѓу железничките станици Згрополци и Градско, на патниот премин кој е обележан со светлосна и звучна сигнализација, на стојалиштето кај село Ногаевци случена е сообраќајна несреќа во која учествувале товарен воз кој сообраќал на релацијата Трубарево – Градско и патничко моторно возило марка ‘форд галакси’ со велешки регистарски таблички“, соопшти МВР.

На местото на сообраќајката била екипа на Итната медицинска служба од Велес со две возила и две лекарски екипи.

„На сите четворица им е пружена неопходната помош и се пренесени во Општа Болница Велес. За едно лице екипата констатираше смрт на лице место“, соопшти д-р Страхил Тодоров портпарол на Итната медицинска помош.

Многу возачи, многу малку или воопшто не обрнуваат внимание на железничките премини што ги поминуваат секој ден затоа што никогаш не гледаат воз таму.

СЛЕДНИВЕ СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ ДА СПАСАТ НЕЧИЈ ЖИВОТ.

Кога машиновозачот ќе види возило или личност на пруга по која се движи возот, може со сирената да се огласи со предупредувачки звукови и да ја примени сопирачката за итни случаи.

Возот при сопирање при итни случаи може да застане на далечина од 400-1000 метри ( во зависност од тежината и должината на возот) од местото на уклучување на кочницата за итни случаеви, но не на време да се избегне овој судир.

Иако возот има сопирачки на секое тркало, потребно е време за сите тие сопирачки да ја надвладеат огромната тежина што го турка возот.

СЕКОГАШ ДАВАЈТЕ ГО ПРАВОТО НА ПРЕДИМСТВО НА ВОЗОТ. ВОЗОТ НЕ МОЖЕ  БЛАГОВРЕМЕНО ДА ЗАСТАНЕ И ВАМ ДА ВИ ДАДЕ ПРЕДИМСТВО.

Повеќе од половина од сите судири со моторни возила се случуваат на премини опремени со автоматски светлосни и звучни сигнали и опремени со полубраници или браници.

Има возачи кои избираат да возат меѓу полубраниците или да ги игнорираат светлосните и звучните сигнали затоа што веруваат дека можат да го претркаат возот.

Друг случај е кога возачите претпоставуваат дека воз нема, а сигналите не функционираат, односно по грешка се вклучени бидејки поминало долго време на чекање а возот сеуште го нема да помине.

НИКОГАШ НЕ ГИ ИГНОРИРАЈТЕ АКТИВНИТЕ ПРЕДУПРЕДУВАЊА НА ПРЕМИНИ

Кога напред од возот ја гледаме локомотивата која е доста голема, висока до 3,5 метри, широка околу 2 метра и на кривина, кога ќе ја видиме и должината на возот, се чини дека возот се движи многу побавно отколку што мислиме поготово кога се гледа од слаб агол на преминот. Комбинацијата на големината и аголот ја создаваат оваа илузија.

Доколку имаме и повеќе пруги една до друга што се приближуваат кон хоризонтот придонесуваат за поголема илузија и ги мамат нашите умови да размислуваат дека возот е подалеку отколку што е всушност.

Практично е невозможно точно да се процени брзината на возот кога се присутни овие комбинации на илузии.

ВОЗОТ СЕКОГАШ ЌЕ ПРИСТИГНЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ ПРЕМИН ПОБРЗО ОТКОЛКУ ШТО ПРЕДВИДУВАТЕ.

Секоја четврта несреќа што се случува на железнички премин се одвива кога возилата ќе налетаат странично на возот. Честопати, тоа е затоа што возилото не ја прилагодува брзината на условите, како што се темнина, дождливо време или магла.

Многу возачи знаат да возат премногу брзо и не можат да запрат во оддалеченоста осветлена од фаровите на возилото. Тоа значи, во моментот кога возачите ќе го забележат возот на преминот, а возат со преголема брзина, доцна е да се избегне несреќата.

Во други случаи, може да има високи нивоа на бучава во возилото, што го одвлекува вниманието на возачот за да ги забележи уредите за предупредување поставени на железничкиот премин.

НЕ ОСТАНУВАЈТЕ ЗАРОБЕНИ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИТЕ ПРЕМИНИ.

Многу возила се заглавуваат на самиот премин, меѓу другите возила и завршуваат да бидат удрени од воз или возачите ги напуштаат пред да бидат удрени.

ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ ДА СЕ ДВИЖИТЕ ПРЕКУ ПРЕМИНОТ, ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ИМА ПРОСТОР ДА СЕ ИЗВЛЕЧЕТЕ ЦЕЛОСНО.

Многу железнички премини се на површина повисока од патот. Менувањето на брзините со мануелен менувач додека минува низ оваа подигната површина може да предизвика моторот на возилото да изгаси на пруга.

Ако некогаш застанете на самиот премин и возилот ви се изгасило, а возот се приближува, брзо известете ги сите да го напуштат возилото! Не обидувајте се да земете други предмети со вас. Кога возот ќе удри во возилото, тој ќе распрска метал и стакло пред и надвор од локомотивата. Многу луѓе сериозно се повредуваат, па дури и се здобиваат со смртни последици затоа што трчале во погрешна насока.

КОГА БЕГАТЕ ОД ВОЗИЛО ЗАГЛАВЕНО НА ПРУГАТА, БЕГАЈТЕ ОД ПРЕМИНОТ ПОД АГОЛ ВО ПРАВЕЦ НА ВОЗОТ ШТО СЕ ПРИБЛИЖУВА.

Во последните години намалена е фрекфенцијата на возови и луѓето, односно учесниците во сообраќајот, забораваат на опасностите кои можат да се случат на железничката пруга или во нејзина близина.

Во последно  време се повеќе знаеме да се сконцентрираме на нашите мобилни телефони, а не на возот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *